Достапни линкови

Состојбата во затворот Идризово е ужасна


Затвор
Затвор

Состојбата во делови од затворот Идризово е полоша, отколку во некои од малолетничките затвори во Јужна Африка за време на апартхејдот, оценува евроамбасадорот Ерван Фуере. Народниот правобраниетел Иџет Мемети оцени дека состојбата во затворот е очајна и побара затворање на полуотвореното одделение во Идризово.

Состојбата во затворот Идризово е ужасна, оценуваат народниот правобраниел Иџет Мемети и евроамбасадорот Ерван Фуере.
Правобранителот Мемети бара хуман и достоинствен престој за осудениците во Идризово и апелира да се затвори полуотвореното одделение во затворот, а осудениците од тој дел да се дислоцираат во друг.
Состојбите во одредени делови од затворот Идризово се на такво ниво што неможе ни да се замисли дека некој може во такви услови да престојува и притоа да не биде загрозено неговото здравје. Состојбата е очајна


Иџет Мемети, Народен правобранител
,,Состојбите во одредени делови од затворот Идризово се на такво ниво што неможе ни да се замисли дека некој може во такви услови да престојува и притоа да не биде загрозено неговото здравје. Состојбата е очајна."

Евроамбасадорот Фуере вели дека сака да ја охрабри Владата, најбрзо што може, да ја подобри состојбата во затворот Идризово. Тој вели дека условите во дел од одделениајта што ги посетил во затворот може да се опишат како деградирачки и нехумани.

,,Би рекол дека условите беа полоши дури и од најлошите бегалски кампови што ги имам видено во Латинска Америка или малолетничките затвори во Јужна Африка пред времето на Нелсон Мендела."

Евроамбасадорот Ерван Фуере
Тој вели дека ова е срамно за земја како Македонија, што наскоро треба да го преземе претседателството со Советот на министри при Советот на Европа.
Она што го видовме, беа простории без кровови, простории без прозорци, со никакви кревети, бедни тоалети


,,Она што го видовме, беа простории без кровови, простории без прозорци, со никакви кревети, бедни тоалети од кои што еден тоалет е наменет за 140 луѓе, така што условите се мизерни."

Фуере оценува дека е жално што ниту една од досегашните препораки упатени до Владата не наишле на одговор.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG