Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски нема да се откаже од функцијата се додека трае постапката на докажување дали бил соработник со тајните служби.
„Моето повлекување би било токму спротивното дека со самото тоа како да се признава вината а од друга страна би оневозможил и на самата институција да се избори и да си ги завршува своите функции“
Ивановски вели дека целиот процес е фабрикувани и дека некој сака целата лустрација да ја сведе само на него .
„Испаднав јас да не кажам од колку илјади фунцкионери, испадна целата лустрација некој да ја сведе со една фабрикација на еден носител на функција која е битна и со која сака да се пресмета со сето ова и со кое сака да каже дека лустрацијата во Македонија ја исполни својата задача и заврши. “
Откако Комисијта за верификување на факти донесе ззаклучок дека Ивановски сепак бил соработник, сега следното од процедурата е Управен суд. И таа институција треба да се произнесе за судбината на Претседателот на Уставниот Суд, а понатаму Ивановски има право да се жали и до Врховен Суд. Претседателот на Уставен се сомнева дека можеби Управниот суд нема да одолее на на притисоците.
Предлагачот на законот за лустрација, Стојан Андов вели дека сега судот може да донесе и поинаква одлука.
,,Судот може да донесе одлука ако утврди дека погрешила Комисијата во негова корист, а ако се потврди дека Комисијата располагала со факти, тогаш ќе го потврди решението на Комисијата. Јавна функција неможе да врши, тоа е по закон."
Професорот Осман Кадриу вели дека сега се во игра неколку правни сценарија. Првото е доколку Управниот Суд ја потврди одлуката на Комисијата за верификација на фактите постапката се завршува и следува постапка за разрешување.
,,Сметам дека морален чин, морална обврска, а во конкретниот случај не само морална, туку е и законска обврска, затоа што извршувањето на функцијата се коси со законот за лустрација."
Функцијата Претседател на Уставниот суд на Ивановски му истекува на 1 номври, а мандатот судија во Уставен му истекува за година и половина.

Моето повлекување би било токму спротивното дека со самото тоа како да се признава вината.
„Испаднав јас да не кажам од колку илјади фунцкионери, испадна целата лустрација некој да ја сведе со една фабрикација на еден носител на функција која е битна и со која сака да се пресмета со сето ова и со кое сака да каже дека лустрацијата во Македонија ја исполни својата задача и заврши. “
Откако Комисијта за верификување на факти донесе ззаклучок дека Ивановски сепак бил соработник, сега следното од процедурата е Управен суд. И таа институција треба да се произнесе за судбината на Претседателот на Уставниот Суд, а понатаму Ивановски има право да се жали и до Врховен Суд. Претседателот на Уставен се сомнева дека можеби Управниот суд нема да одолее на на притисоците.
Предлагачот на законот за лустрација, Стојан Андов вели дека сега судот може да донесе и поинаква одлука.
Да, судот може да донесе одлука ако утврди дека погрешила Комисијата во негова корист, а ако се потврди дека Комисијата располагала со факти, тогаш ќе го потврди решението на Комисијата.