Достапни линкови

Ивановски соработувал со тајните служби


На чело на Уставниот суд, судијата Трендафил Ивановски
На чело на Уставниот суд, судијата Трендафил Ивановски

Според Комисијата за Лустрација Претседателот на Уставниот суд не ги исполнува условите за вршење јавна функција бидејќи соработувал со тајните служби.

Членовите на Комисијата за верификација на факти на денешната седница утврдија дека претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски не ги исполнува условите за вршење јавна функција бидејќи соработувал со тајните служби.

„На редовна седница Комисијата донесе решение дека ние и натаму остануваме на нашиот заклучок дека подносителот на изјавата не ги исполнува условите за вршење на јавна функција и во текот на денешниот ден ќе му го доставиме решението на носителот на јавната функција“,

изјави Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на фактите.
Претседателот на Уставниот во понеделникот на седница на Комисијата, која беше јавна на негово барање, ги отфрли обвинувањата дека соработувал со тајните служби. Тврдеше дека во време додека бил малолетен врз него била вршена тортура од страна на службеник од тајни служби и оти е жртва на минатиот и на сегашниот режим. Тој најави дека правдата ќе ја бара пред Управен и Врховен суд

Хајка против Уставен Суд?

Неумесни се изјавите на Премиерот Никола Груевски кој вели дека е доведена во прашање легитимноста на одлуките на судот откако Комисијата за лустрација ги обелодени наводите за претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски, коментираат експертите. Тие велат дека целата тема е сензибилна и дека сите вклучени фактори треба да се внимателни со изјавите. Поранешната судијка во судот за
Ваквото јавно зборување може да биде на некој начин третирано и како одреден притисок, во една ваква ситуација, особено политичарите, со оглед на тоа дека станува збор за чувствителна материја, треба сосема да седат настрана.
човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска вели дека политичарите во ваквиот случај треба да седат на страна:

„Ваквото јавно зборување може да биде на некој начин третирано и како одреден притисок, во една ваква ситуација, особено политичарите, со оглед на тоа дека станува збор за чувствителна материја, треба сосема да седат настрана.“

Николовска вели дека треба да се остави Комисијата да си ја врши работата.
Професорот по Уставно право Бајрам Положани вели дека меѓусебните препукнувања на релација политичари -Уставен суд зборува за недостаток на политичка култура, за непознавање на материјата за која се зборува, за непознавање на надлежностите и обид да се урне дигнитетот на институцијата.

„Наместо да се гради доверба на институциите, со јавни настапи на носители на функции, со обвинувања, ерозивно се влијае врз авторитетот добиен по Уставна и законска основа на овие носите на функции.“
За досега неможе да се доведат во прашање, легитимноста, законитоста на донесените
одлуки.

Професор Положани вели дека доколку се докаже дека претседателот на Уставен суд бил соработник на тајните служби тој треба да си поднесе оставка или да биде разрешен од функцијата.

„Значи ја губи легитимноста за да биде носител на таа функција, тоа важи за во иднина, а за досега неможе да се доведат во прашање, легитимноста, законитоста на донесените одлуки во период во кој учествувало лице со такво историско минато.“

И Уставниот суд побара премиерот да не го злоупотребува случајот со нивниот претседател Трендафил Ивановски за да ги политизира одлуките на судот и да тврди дека тие немале легитимитет.

Амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере за „Вербалната војна“ околу Уставниот Суд:

Македонија - Ерван Фуере
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG