Достапни линкови

Ваши коментари


Темата околу спорот за името најактуелна за коментирање меѓу нашите слушатели по најавата за средба Иванов-Нимиц и можна средба Груевски-Папандреу.

Претседателот на државата е во Њујорк на редовното заседание на Генералното собрание на Светската организација. Премиерот Груевски ќе размисли дали ќе оди, бидејќи таму бил претседателот Иванов. Се зборуваше за можна средба Груевски-Папандреу, па зачестија и вашите пораки, почитувани поврзани со темата – име.

Гоце Македонски од Македонија пишува дека нашава земја е исправена пред
Како може Грција ,,лулката на демократијата" да влијае врз европската и врз светската
сцена.
најголемиот и најгорлив проблем, кој според овој наш слушател не може да има решение што не ќе и наштети на Република Македонија. Тој се прашува како може Грција „лулката на демократијата да влијае врз европската и врз светската сцена. Ееј, мој Гоце Македонски, меѓународната политика, исто како и домашната е само прагма и ништо друго, нема правдина, нема емоции, треба ум и храброст.

Редовниот наш пишувач на пораки и претпоставувам и слушател, Миле од Охрид ни забележува зошто професорот Малески, Бучковски, Алити и, пишува, такви како нив, редовно добиваат простор во нашиот медиум, како што смета Миле, да ги пропагирале „грчките шовинистички ставови за промена на нашето име“. Ние би рекле, луѓето се тие, наши се, а секој има право на свое мислење и негово кажување, нели господине Миле од Охрид? Како и Вие, впрочем.

Откупот не грозјето - една од темите што ги засега нашите слушатели

На нашето прашање за економијата во Хајд паркот, се' уште пристигнуваат многу ваши коментари, главно како реакција на се' поголемото осиромашување на граѓаните и на скапотијата. Една од последните ги реди сите недостатоци на политиката на оваа Влада во економијата: „Власта не го мрази својот народ“, пишува С и дупло В од „Кобајаги држава“. Владата (во наводници) го „сака“ народот заради давање гласови зашто фотелјите си ги сака повеќе од се' друго. „Ја уништи целата држава, го испокара народот, нема економија, здравство, образование, не шмиргла ниту Уставен суд, ниту ревизорски комисии, важно името ќему биде запишано во историјата како прв диктатор во демократско општество“, коментира нашиот слушател С и дупло В.

Има коментари и за протестот на лозарите, минатата седмица. Герасим од Кавадарци се чуди како не им е срам на производителите на вино; нивната заработка, пишува, е огромна во споредба со онаа на земјоделецот. Тиквеш е скоро празен, нема вино, нека не се вади Владата дека нема ингеренции; каде се финансиските инспектори да ги посетат големите газди кои не си ги платиле обврските спрема народот, прашува Герасим од Кавадарци.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG