Неисплатеното грозје од лани, ниските откупни цени во оваа година, недоволна заинтересираност за откуп на грозје со изговор дека виното е непродадено и неспроведување на законот за земјоделство, според кој винариите се должни да склучат договор со сите кооперанти кои дистрибуираат грозје во нивната компанија се проблемите кои лозарите велат дека ги натераа да протестираат со блокади на патиштата. Во септември министерството за земјоделство посредуваше за компромис меѓу винариите и лозарите. Тогаш тие се договорија дека цената за откуп на грозјето ќе биде иста, но дека винариите ќе добијат субвенција од два денари за секој откупен килограм на грозје. Лозарот Ѓоко Данаилов вели дека винариите не го почитуваат договорот и цените за откуп се до 50 отсто помали во однос на претходната година.
Од Министерството за земјоделство денеска повторно соопштија дека вчера имале состанок со винариите и дека постигнале договор деновиве да бидат корегирани цените на ланско ниво.
„И покрај тие усмени договори што беа постигнати, на терен се случува сосема спротивното, цените паднаа и до 50 отсто во однос на лани, а тие и понатаму се надеваат дека ќе земат субвенција за грозјето кое ние сме го произвеле.“
Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека самите винарии дале ветување дека нема да има промени на цените, за потоа да ги измамат лозарите. Со ваквите цени и со субвенциите грозјето ќе им биде без пари на винариите, вели тој.
„Ние сме апсолутно не задоволни, незнам зошто не изиграа винарските подруми и затоа кај самите производители сега има голем револт и затоа се штрајковите кои сигурно ќе траат се додека не се реши овој проблем, односно се додека винариите не го исполнат она што го ветија.“
Сопственичката на една винарија од Валандово и производител на грозје Вита Хузијан вели дека цените на грозјето се минимално намалени, поради големите залихи на вино заради слабата продажба и дека лозарите треба да ги сфатат и нивните маки.
„Фактот е дека виното на пазарот не се продава, дека му е намалена продажбата, дека винариите имаат големи залихи на вино и дека едноставно треба да ја поделат маката со нас. Значи, никој од винариите не сека да им наштети на лозарите, сепак треба да живееме во некоја симбиоза, значи да се надополнуваме. Не им ,,држи" тоа што го кажуваат.“
Винариите се жалат и дека за разлика од лозарите имаат мала поддршка од владата за производство.
И покрај тие усмени договори што беа постигнати, на терен се случува сосема спротивното, цените паднаа и до 50% во однос на лани, а тие и понатаму се надеваат дека ќе земат субвенција за грозјето кое ние сме го произвеле
Од Министерството за земјоделство денеска повторно соопштија дека вчера имале состанок со винариите и дека постигнале договор деновиве да бидат корегирани цените на ланско ниво.
„И покрај тие усмени договори што беа постигнати, на терен се случува сосема спротивното, цените паднаа и до 50 отсто во однос на лани, а тие и понатаму се надеваат дека ќе земат субвенција за грозјето кое ние сме го произвеле.“
Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека самите винарии дале ветување дека нема да има промени на цените, за потоа да ги измамат лозарите. Со ваквите цени и со субвенциите грозјето ќе им биде без пари на винариите, вели тој.
„Ние сме апсолутно не задоволни, незнам зошто не изиграа винарските подруми и затоа кај самите производители сега има голем револт и затоа се штрајковите кои сигурно ќе траат се додека не се реши овој проблем, односно се додека винариите не го исполнат она што го ветија.“
Фактот е дека виното на пазарот не се продава, дека му е намалена продажбата, дека винариите имаат големи залихи на вино и дека едноставно треба да ја поделат маката
со нас.