Дали приземјена политика, желба на јавноста да чуе таков одговор или жешката есен што се однесува до евроинтеграциите, го натера и вчера премиерот Груевски да настапи со истите најави. Експертите велат, од се има по нешто. Ако се гледа во поширокиот контекст, ваквите изјави само значат тапкање во место и не навестуваат ништо реазлично од тоа што се случуваше и до сега, вели професорката Мирјана Малеска. Многу сериозност во сето тоа нема, додава Малеска не само поради напомената дека Грција останува на своите максималистички барања, туку и поради како што вели заплетканоста во национализмот и ризичното излегување од таа состојба при што може да се изгуби власт, а можеби и повеќе од тоа.
,,Според мене сето ова е само подгревање, избегнување всушност некако да се амортизира очекувањето на дел од јавноста во пресрет на новиот самит на НАТО во ноември и другите активности на Европската Унија."
Сега е време и за пишување на есенскиот извештај на ЕК, додава професорот Назми Малиќи што е знак дека треба да заврши како што вели времето за манипулации коишто се веќе причитани. Полпулистичката политика, како што додадва нема да ја извади од фиока замрзнатата покана за НАТО па според тоа секаков блеф би бил прочитан и крајно штетен за граѓаните на Република Македонија.
,,Глумење и поигрување со тези, најмалку имаме потреба сега да ги слушаме од нашето државно раководство, затоа што веќе се читаат и се препознаваат намерите и треба да се оживотвори таа намера за интеграциона политика што е стратегиска цел на нашата влада."
Изјави Малиќи.
Крајно време е да се реши спорот за името, изјави вчера премиерот Груевски. Ваква разврска беше навестена и во изјавите на претседателот и негови блиски ссоработници. Сепак со напомена дека барањата на Грција остануваат максималистички. Во текот на септември се најавува нова рунда преговори под медијаторство на посредникот на ООН Метју Нимиц на кој се најавува и доставување нов предлог од негова страна. Во Њујорк се најавива и можна средба Груевски Папандреу. Дали сето тоа ќе донесе само нови ракувања или и некаква нова разврска ќе покаже наредниот месец.
Според мене сето ова е само подгревање, избегнување всушност некако да се амортизира очекувањето на дел од јавноста во пресрет на новиот самит на НАТО во ноември и другите активности на Европската Унија
,,Според мене сето ова е само подгревање, избегнување всушност некако да се амортизира очекувањето на дел од јавноста во пресрет на новиот самит на НАТО во ноември и другите активности на Европската Унија."
Сега е време и за пишување на есенскиот извештај на ЕК, додава професорот Назми Малиќи што е знак дека треба да заврши како што вели времето за манипулации коишто се веќе причитани. Полпулистичката политика, како што додадва нема да ја извади од фиока замрзнатата покана за НАТО па според тоа секаков блеф би бил прочитан и крајно штетен за граѓаните на Република Македонија.
Глумење и поигрување со тези, најмалку имаме потреба сега да ги слушаме од нашето државно раководство