Владата повторно се предомисли, ја укина одлуката за со која преработувачите беа обврзани да откупат три килограми домашна пченица за да увезат еден килограм. Пред само неколку месеци иста судбина имаше и одлуката со која сите сопственици на автомобили требаше задолжително да имаат во своето возило противпожарен апарат. Ни законите не се имуни на чести промени и дополнувања, па прво доаѓаат најави за ригорозни казни доколку не се почитуваат законите, па по извесен период следуваат изјави од владини функционери со кои се вели дека се дозволува еден грејс период за адаптација на граѓаните кон новиот закон, па се очекуваат измени на истиот закон. Пример за тоа е и последниот закон за домување и регистрација на куќните совети. Експертите велат дека ваквата навика на често укинување на владини одлуки и измени на закони создаваат правна несигурност во државата. Професорот Осман Кадриу вели дека донесувањето и потоа укинувањето на одлуките и законите покажува дека постои несериозна анализа на правната основа, па не случајно подлежат и на укинување на истите од Уставниот Суд.
,,Се забележува една појава дека за одделни закони и одлуки со кои се уредуваат мошне чувствителни односи, значајни односи во државата, се донесуваат во една брза постапка, без да се анализираат конретните состојби, без да се чуе мислењето на стручњаците, на експертите."
Комуникологот Петар Арсовски вели дека понекогаш Владата користи одредени закони за купување на социјалниот мир.
,,Од една страна има некои стандарди што треба да се исполнат, а од друга страна постои социјален притисок. Кога владата ги користи како алатка за купување или за стекнување на јавна подршка, ниту еден закон не е вечен. Тоа е едната страна од приказната, а втората е што овие закони се поврзани со фискални импликации, како продажба на ПП апарати итн, па така не е чудно што се флексибилни во тоа."
Арсовски додава дека проблемите настануваат затоа што Владата ги меша законодавството и управувањето, што се две различни работи. Кадриу смета дека последицата од таканаречените „пишман одлуки“ е правна несигурност на државата.
,,А кога доаѓаме во ситуација да имаме правна несигурност во односите, значи крајниот резултат, крајниот епилог или крајната правна и политичка последица е, значи дека не ни функционира како што треба и самата држава и тука и самите граѓани, песимистички гледат кон сопствените права, односи, сопствените интереси, поради таа правна несигурност."
Се забележува една појава дека за одделни закони и одлуки со кои се уредуваат мошне чувствителни односи, значајни односи во државата, се донесуваат во една брза постапка, без да се анализираат конретните состојби, без да се чуе мислењето на стручњаците