Достапни линкови

Антикризните мерки без ефект


И градежната индустрија погодена од кризата
И градежната индустрија погодена од кризата

Во лошите услови во платежната состојба на стопанските субјекти треба да се гледаат причините за отсуството на поголеми ефекти од владините антикризни мерки, велат бизнисмените.

Кога на тоа ќе се додаде состојбата со снижените цени по кои се продаваат странски производи кај нас, јасно е зошто живинарската индустрија спаѓа во погодените од кризата, коментира стопанственикот Љупчо Дренковски:
Тие мерки најверојатно ќе имаа ефект, ако платежната состојба во државата се одвива во нормални услови, а пред се и државата како еден голем вработувач и извршувач на одредени работи која што често пати не е во можност да исплаќа на време, тоа се рефлектира на целото стопанство


,,Тие мерки најверојатно ќе имаа ефект, ако платежната состојба во државата се одвива во нормални услови, а пред се и државата како еден голем вработувач и извршувач на одредени работи која што често пати не е во можност да исплаќа на време, тоа се рефлектира на целото стопанство. Значи во моментов негледам некаков посебен излез."

Пооптимистичните заклучоци што може да се извлечат за ефетките од мерките на владата се однесуваат на скусувањето на одделни бирократски процедури. Во градежништвото поместувања се забележуваат во издавањето дозволи за градба.

,,Најмногу се должи на администрацијата тоа колку ќе бидат ефикасни, но има поместувања."

Скопје 2014
Сеад Кочан е претседател на Здружението на градежни работници. Иако градежниците ја користат оваа можност сметаат дека поголеми поместувања може да има во решенија што би им овозможиле ликвидност на фирмите и поголема оперативност на банките со оглед дека кризта се чувствува со намалување на активсностите. Тоа е затоа што најголемиот дел од процедурите околу концесиите за патишта и поголеми инфраструктурни проекти се забавени, а проектот 2014 опфаќа повеќе високо градби кои сочинуваат само 25 проценти од градежните активности, вели Кочан
Значи да се обезбеди работа, бараме да се забрзаат постапките што се веќе во процедура околу големи инфраструктурни објекти
:

,,Значи да се обезбеди работа, бараме да се забрзаат постапките што се веќе во процедура околу големи инфраструктурни објекти."

А за некои индустрии мерките на владата воопшто не беа атрактивни. Една од нив е млечната индустрија. Мерките на владата овде немаа битно влијание бидејќи претходните субвенции од Министерството за земјоделство и средствата кои се пласираа допринесоа кризата помалку да се чувствува, вели бизнисменот Јован Дабевски. Оваа гранка кај нас е формулирана од почеток до крај, односно основната суровина, млекото се снабдува од домашни прозиводители за разлика од индустриите кои се увозно зависни. Поради ова кризата најмалку се почувствува во оваа индистрија затоа што не зависеа ни цените на суровините и готовите производи од она што се случуваше околу и во Европа, коментира Дабевски:

,,Кризата се чувствува секаде во секој сегмент од нашето живеење, меѓутоа не толку турболентна како во текстилната, како во некои други индустрии. Работиме во услови на дневното работење, меѓутоа не е нешто многу лошо."

Инаку според сугестиите од млечната индустрија атрактивно за оваа гранка би можело да биде извесно корегирање во делот на субвенциите на откупната цена на млекото по квалитет, а не по литар.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG