Достапни линкови

Имотните проблеми пречка за инвестиции


Фабрика
Фабрика

Нерешените имотно правни односи се покажуваат како главна пречка за странските инвеститори во Македонија.

Во некогашниот голем индустриски центар Куманово, малку има странски инвеститори кои донеле програма за реиндустријализација на пропаднатите индустриски фирми. Малкумина што се појавија во поранешниот ЧИК, Искра-инженеринг, но и во останатите или воопшто не почнаа со работа или пак однесоа тоа што имаше да се однесе и воопшто не стартуваа со работа. Поранешниот ЧИК пред пет години беше откупен од италијанскиот бизнисмен Џино Гуацини кој колку-толку започна со работа на неговата фирма „Реџија“. Дел од објектите ги даде под закуп на малите чевларски претпријатија во кои вкупно се вработени околу 1 200 работници, како што вели Гуацини. Меѓутоа, според него многу работи не се како што тој очекувал на почетокот.

„Направив програма за реиндустријализација, ги реновирав сите објекти, ги опремив со нова опрема за производство на чевли со нова технологија и наместо 900 сега во комплексот работат 1 200 работници.“
Кога пред пет години го купив ЧИК во стечај во документите стои дека сум ги купил сите објекти и право на користење на целата парцела. Овие документи биле фалсификат.

Гуацини додава:

Илустрација: Производство на чевли

„Кога пред пет години го купив ЧИК во стечај во документите стои дека сум ги купил сите објекти и право на користење на целата парцела. Овие документи биле фалсификат.“

Според Гуацини тој имал проблеми и одолговлекување за комплетирање на докуменитите. Во меѓувреме, додека чекал да добие одобрение од локалната администрација тој како што вели бил принуден за потребите на фирмата да изгради и објект на диво кој пак подоцна не можел да го легализира, туку морал да го урне.

„Пред пет месеци од Комисијата за денационализација дознав дека една парцела треба да се отстапи на сопственикот.“
Сите објекти се негови, а земјиштето околу нив е на Македонија. За да го откупи земјишптето требало да се поведе постапка за донесување детален урбанистички план

Во Секторот за урбанизам во Општината Куманово Лидија Ланг Спасовска објаснува:

„Сите објекти се негови, а земјиштето околу нив е на Македонија. За да го откупи земјиштето требало да се поведе постапка за донесување детален урбанистички план во кој јасно ќе бидат дефинирани границите на урбанизирана парцела согласно законските одредби и тој преку надлежните служби можел да го откупи земјиштето.“

Ланг Спасовска вели дека во времето додека траела процедурата, градежните инспектори регистрирале диво изграден објект. Затоа и на инвеститорот му било издадено решение за уривање. Во меѓуреме можеби некои околности се смениле и според Ланг Спасовска состојбата на сопственоста на земјиштето најверојатно е дефинирана во други служби.
Гуацини кој вложил околу 6 милиони евра револтиран е од однесувањето на нашите институции и како што вели не сака да има проблеми ниту со луѓето од Општината, ниту со нашите закони. Но, како што вели тој има неопходна потреба од уште еден објект кој наместо да го легализира мора да го срамни со земја.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG