Достапни линкови

Повеќе странски инвестиции во 2010 година?


Фабрика
Фабрика

Според анализите на меѓународните економски експерти во 2010 година светската економија нема значително да напредува, бидејќи ќе се опоравува од последиците од економската криза. Во владината Агенција за странски инвестиции на мислење дека во новата година во Македонија сепак може да се очекуваат инвеститори, додека во опозицијата не се оптимисти.

Каква ќе биде новата година во поглед на странски директни инвестиции? Според власта условите за странските инвеститори се подобрени и по кризната 2009 година. Од опозицијата, пак, велат дека и во 2010 не може да се очекува голем наплив на странски инвестиции. Директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции Виктор Мизо вели дека и во кризната 2009 имало голем интерес од потенцијалните странски инвеститори.
Дури и самата 2009 година ние имавме зголемен број на претставници од компаниите кои не перцепираат како дестинација за која претходно не размислувале


,,Дури и самата 2009 година ние имавме зголемен број на претставници од компаниите кои не перцепираат како дестинација за која претходно не размислувале, но сигурно не со помислата дека тоа веднаш ќе се случи. Еден, или три, или шест месеци од моментот на првата посета.“

За Марјанчо Николов од опозициската СДСМ и 2010 ќе биде скромна во поглед на странските директни инвестиции:

,,За жал ќе ги нема најзначајните, оние гринфилд инвестиции кои што значат изградба на нови фабрики, отварање на нови работни места. Причините се повеќе, во најголем дел тоа е несигурноста којашто владее во Македонија во однос на условите за водење на бизнис поради постојаното менување на законите, нерасчистените имотно-правни односи, менувањето на односот кон странските инвеститори.“

Аналитичарите на британското списание „Економист“ во специјално издание на публикацијата предвидуваат дека во 2010 година светската економија нема значајно да напредува, туку ќе се опоравува од ефектите на финансиската и економска криза. Според анализите на неделникот, во новата година големите компании и економските лидери ќе се обидат повторно да планираат на долги рокови, откако во 2009 работеа на краткорочни цели со цел да преживеат. Македонија може да ја искористи оваа состојба за да
За жал ќе ги нема најзначајните, оние гринфилд инвестиции кои што значат изградба на нови фабрики, отварање на нови работни места
привлече странски инвеститори, се согласуваат од власта и од опозицијата. Според Мизо, земјава се вклопува во плановите на потенцијалните инвеститори:

,,Компаниите кои што се соочија со кризата поради намалување на побарувачката, видоа дека во некои од нивните производствени капацитети во Западна Европа или на други места, каде што трошоците се многу големи, одеднаш ја согледаа таа потреба за намалување на тие трошоци кои што најлесно можат да се направат со нова алоцирање на тие капацитети.“

Македонија мора да го искористи вакворто преориентирање на светските компании од краткорочно кон долгорочно планирање, вели Николов:

,,Ова е периодот каде што многу поинтензивно не со реклами, туку со лични контакти, со гарантирање на услови, да се привлечат што поголем број инвеститори да проекциите за наредните години да ги насочат токму кон инвестирање во Македонија.“
XS
SM
MD
LG