Достапни линкови

Интервју – Петар Арсовски


Петар Арсовски, комуниколог
Петар Арсовски, комуниколог

Факт е дека Македонија, посебно во последните четири години, станува исклучително поделено општество, особено по прашањето што ние го алегоризираме како патриоти и предавници.

Се забележува едно дека политиката е навлезена во сите пори на нашето живеење и дури во пораките граѓаните се делат на предавници и патриоти. Има една порака вели, ,,постојано патриотите не тераат да не одиме во Грција, а тие самите одат, а потоа цела година ни зборуваат за патриотизмот.“ Како ја коментирате оваа појава?

Факт е дека Македонија, посебно во последните четири години, станува исклучително поделено општество, особено по прашањето што ние го алегоризираме како патриоти и предавници. Тоа во суштина е прашањето за решавање на проблемот со името. Македонија идеолошки се дели на два големи табори, едните кои се подготвени да направат компромис и влез во ЕУ и други кои не се подготвени на тоа. Проблемот е што притоа тоа ескалира во секојдневната ситуација во социјалната сфера и проблемот е што Владата дополнително ја форсира таа поделба, правејќи притоа биполарно општество кое не може да го поднесе тоа. Мислам дека една од главните причини зошто се појавуваат такви пораки е таквата поделба на патриоти и предавници која ние не треба да ја негуваме, туку напротив треба да ја сузбиеме.

Рековте идеолошка поделба. Каде е тука идеологијата?

Кога зборуваме за идеологија, зборуваме за една прозападна ориентација која е подготвена да жртвува дел од она што ние го нарекуваме наш идентитет за влез во слободното глобално општество и оние кои не се на тоа подготвени и сакаат да ја задржат сопствената претстава за самите себе си и за тоа се подготвени да ја жртуваат и самата држава. Тоа е идеолошка поделба.

Мислите ли дека ваквата ситуација може да се надмине лесно, бидејќи веќе четири години се пропагира една таква политика и поделба?

Такавата ситуација не може да се надмине лесно, но да бидам искрен јас сметам дека поделбата не е толку коренита како што се претставува. Сметам дека оние што се претставуваат како патриоти, односно најголемиот дел од граѓаните, сметам дека се свесни за потребата од придвижување кон глобалното општество и дека повеќе се работи за една екстровертна, егоцентрична потреба одошто за суштинско разбирање на работите.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG