Иванов посочува дека премиерите на Македонија и на Грција се сретнале шест пати. На тие средби се постигнува одредено ниво на заемна доверба, а кога ќе се дојде до заемна доверба може да се дојде и до взаемно прифатливо решение, вели Иванов.
„Веројатно, оптимизмот на Брисел се темели на информациите што ги имаат од тие средби. Сепак, процесот, знаете, останува во ОН и господинот Нимиц треба, на основа на сите досегашни разговори што ги имаа нашите двајца премиери и нашите претставници во тој процес во ОН, да дојдат до едно взаемно прифатливо решение.“
Хрватска имаше слични проблеми како Македонија, но се покажа поуспешна во решавањето. Нејзините евроинтеграции беа блокирани поради спорот со Словенија, но двете земји се договорија, територијалниот спор да го решат со меѓународна арбитража.
Претседателот Јосиповиќ вели дека Хрватска сака спорот меѓу Македонија и Грција да се реши што поскоро. Мислам дека тоа може да се направи многу брзо и дека тоа е потребно заради целиот регион и заради ЕУ, вели Јосиповиќ.
„Спогодбата меѓу Словенија и Хрватска е од малку поинаква природа, се однесува на конкретен граничен спор, но добро е што најдовме начин како да го решиме спорот. Тоа сигурно е добар пример како може да се решаваат споровите, не само во регионот,туку во целиот свет.“
Претседателот Јосиповиќ, по средбата со неговиот домаќин Ѓорге Иванов, рече дека односите меѓу Хрватска и Македонија се многу добри. Политички сме на иста страна и нашите погледи се насочени кон ЕУ и кон НАТО, вели Јосиповиќ.
„Хрватска е пред вратите на ЕУ и јас се надевам дека многу брзо, како членка на ЕУ, ќе продолжиме со онаа политика која и денес ја практикуваме – значи целосна подршка за сите земји во регионот да влезат во ЕУ и во НАТО. Тоа ќе биде една од главните активности што Хрватска ќе ја има во својата надворешна политика.“
Македонија и Хрватска немаат отворени политички прашања. Двете земји имаат многу заеднички работи – излегоа од заедничката југословенска федерација и се кандидати за членство во Европската унија. Македонија, заедно со Хрватска и со Албанија, требаше да стане членка на НАТО, но не доби покана поради противењето на Грција.
Веројатно, оптимизмот на Брисел се темели на информациите што ги имаат од тие средби. Сепак, процесот, знаете, останува во ОН.
„Веројатно, оптимизмот на Брисел се темели на информациите што ги имаат од тие средби. Сепак, процесот, знаете, останува во ОН и господинот Нимиц треба, на основа на сите досегашни разговори што ги имаа нашите двајца премиери и нашите претставници во тој процес во ОН, да дојдат до едно взаемно прифатливо решение.“
Хрватска имаше слични проблеми како Македонија, но се покажа поуспешна во решавањето. Нејзините евроинтеграции беа блокирани поради спорот со Словенија, но двете земји се договорија, територијалниот спор да го решат со меѓународна арбитража.
Претседателот Јосиповиќ вели дека Хрватска сака спорот меѓу Македонија и Грција да се реши што поскоро. Мислам дека тоа може да се направи многу брзо и дека тоа е потребно заради целиот регион и заради ЕУ, вели Јосиповиќ.
„Спогодбата меѓу Словенија и Хрватска е од малку поинаква природа, се однесува на конкретен граничен спор, но добро е што најдовме начин како да го решиме спорот. Тоа сигурно е добар пример како може да се решаваат споровите, не само во регионот,
Хрватска е пред вратите на ЕУ и јас се надевам дека многу брзо, како членка на ЕУ, ќе продолжиме со онаа политика која и денес ја практикуваме – значи целосна подршка за сите земји во регионот да влезат во ЕУ и во
НАТО.