Достапни линкови

Говор на омраза меѓу политичарите


ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ја засилија политичката ,,борба" во која не штедат грубости
ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ја засилија политичката ,,борба" во која не штедат грубости

Омраза, одмазнички и груб речник, не штедеа грубости во неодамнешната преписка генералните секретари на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за што стигнаа реакции и од меѓународните претставници.

Два пати, во само половина година евроамбасадорот Ерван Фуере го користи Нелсон Мендела и Јужна Африка во време на апартхејдот за да ги критикува состојбите во земјава. Прво во февруари, Фуере оцени дека условите во дел од македонските затвори се полоши дури и од малолетничките затвори во Јужна Африка пред времето на Нелсон Мендела. Во вчерашното излагање пред собраниската Комисија
Ги повикувам да го следат примерот на Нелсон Мандела. Нелсон Мандела помина 27 години од животот зад решетки, но никогаш не сме го чуле да каже одмаздољубив
збор.
за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, евроамбасадорот Фуере рече дека гледаме говори и писма од одредени политичари кои користат „исклучително груб и одмазднички речник“.

„Ги повикувам да го следат примерот на Нелсон Мандела. Нелсон Мандела помина 27 години од животот зад решетки, но никогаш не сме го чуле да каже одмаздољубив збор. Неговата цела мисија беше да промовира помирување и консензус, јазик кој промовира соработка и пријателство меѓу сите политички партии.“

Фуере реагираше на епистоларната војна меѓу генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Мартин Протоѓер и Андреј Петров.

Мартин Протоѓер

По минатонеделниот собраниски инцидент, Протоѓер упати остро отворено писмо до лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Во сличен тон, со отворено писмо до Протоѓер и премиерот Никола Груевски возврати секретарот на СДСМ, Андреј Петров.

Протоѓер пишува дека Црвенковски сега оди по шталите што ги опустоши, кај стечајците што ги создаде и кај битпазарци и ѓорчепетровци кои бездушно ги тепаше.
Сметам дека граѓаните на Македонија по нивниот сопствен суд треба да ги детектираат виновниците, секако и органите на истргата доколку се формира таа фамозна Анкетна комисијата треба да помогне во носењето на таквиот суд кога станува збор за етичката компонента.

„Велат „убиецот“ секогаш се враќа на местото на злосторството, за да види дали го завршил делото, дали жртвата се уште дише“, пишува Протоѓер.

Тој вели „нема да дозволиме повторно некој да ни ги уништи животите“.

Протоѓер се осврнува и на инцидентот во Собранието.

„Колку бокса треба да изедеме за да не се чуствувате силувани?“, прашува тој и завршува со тоа дека Црвенковски и е кошмар на цела Македонија.

Не помалку остар беше и одговорот на Петров. Тој пишува дека ВМРО-ДПМНЕ се опиени од власта и оти нема лек за нивното лудило и безобразлук. Петров оценува дека „кукавичкото писмо“ на Протоѓер е „полно со гадости“.

27 години затвор, а не кажал лош збор - Нелсон Мандела

„Од каде таква пизма, од каде таков бес, од каде таков нагон за самоуништување? До кога ќе правите списоци на непријатели?“, прашува Петров.

Тој заканувачки завршува со пораката: „За вашиот криминал ќе одговарате!“

Пустош, злосторство, жртва, убиец, уништување, боксови, силување, кошмар, опиеност, гадости, лудило, пизма, бес, самоуништување, криминал... Јазикот коски нема, ама коски крши, рекле старите.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски соопшти дека меѓу мерките што ги презел за расчистување на инцидентот во Собранието, од кој почна целава преписка, ги задолжил стручните служба да изготвуват Етички кодекс за пратениците.
Политикологот Владимир Мисев вели дека е несериозно да се изработува етички кодекс за однесувањето на пратениците, кои претставуваат огромен број граѓани. Тој се сомнева дека таквиот кодекс би спречил евентуално нови инциденти.

Андреј Петров

,,Сметам дека санкцијата треба пред се да доаѓа од граѓаните на Македонија и од нивниот сопствен суд, да оценат и да ги детектираат виновниците. Секако и органите на истргата, доколку се формира таа фамозна Анкетна комисијата, треба да помогнат во носењето на таквиот суд кога станува збор за етичката компонента.“

Седницата на која ќе се расправа за предлогот на опозицијата за разрешување на спикерот Трајко Вељаноски поради собранискиот инцидент, ќе се одржи утре.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG