Не е постигнат договор за формирање анкетна комисија на денешната координација на пратеничките групи во Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за надминување на ситуацијата настаната по инцидентот во Парламентот на 1 јули.
Ова го изјави Сафет Незири од ДУИ по координативната средба. ДУИ, додаде, бара поголема автономија на анкетната комисија, а не да се задржи работењето на комисијата согласно член 43 од Законот за Собрание на РМ.
Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата останува на ставот оти е потребно формирање анкетна комисија за испитување на инцидентот, во кој, како што рече, не учествувал ниту еден член од нивната пратеничка група.
Пратеничката група на СДСМ, поддржана од пратениците од НСДП, ЛП и Нова алтернатива вчера побара од Вељаноски да формира анкетна комисија за расчистување на собранискиот иницидент, политичката одговорност и прекршувањето на членот 43 од Законот за Собранието. Тие бараат структурата на анкетната комисија да биде на паритетна основа и да има независен претседател.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја прифатија идејата за формирање анкетна комисија, а за претседател го посочија Павле Трајанов.
Партиски оценки за инцидентот.
Различни се реакциите од политичките партии за реагиарањето на полицијата при инцидентот во Собранието. Опозоцијата го критикува Mинистерството за внатрешни работи дека настапува како партиска институција, додека во партиите од власта посочуваат дека ако утврди одговорност, Министерството е должно да постапи согласно важечката регулатива.
„Кршење на закон би било ако МВР утврди дена некој пратеник икс-ипсилон го прекршил законот и само поради тоа што е пратеник не покрене постапка“, вели пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека пратениците не се заштитени со имунитетот при извршување на прекршоци и кривични дела. Андреј Петров од СДСМ, пак, критикува дека полицијата постапува недемократски.
„Не личи на демократски систем, МВР кое треба да биде за сите граѓани да прави памфлети и да се пресметува со неистомисленици.“
Не би сакале да веруваме дека ова е плод на замисла да се предизвика радикализација, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на можноста од политичка и парламентарна криза во земјава како резултат на инцидентот во Собранието додека во Социјал-демократскиот сојуз велат дека нема да дозволат нивната партија да се најде надвор од парламентот.
„Се надевам дена опозицијата нема намерно да ги води работите во насока на радикализација. Како партија, минатата недела понудивме да го прифатиме и последниот услов за прифаќање на деловникот во Собранието на Република Македонија, односно за прифаќање на измените коишто ги бараше опозицијата. Меѓутоа, откако го прифативме и последниот услов опозицијата направи чекор наназад“, вели Илија Димовски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Андреј Петров од СДСМ, пак, обвинува дека ова е сценарио на власта.
„Криза во секој случај постои, меѓутоа ние нема да дозволиме било кој да си игра со интересите на државата. И ако тоа им е сценариото, тоа нема да успее.“
Андреј Жерновски од ЛДП коментира дека пратениците се однесувале како да не се пратенци и дека сега грешката која е направена може да се поправи, но грдата слика веќе е испратена .
„Грешката е веќе направена, и можеби нешто може да се поправи, но сликата за Македонија веќе отиде.“