Граѓанскиот сектор и институциите кои се занимаваат со заштита на човековите права имаат забелешки, подготвуваат анализи и извештаи и сето тоа самоиницијативно, во врска со тоа колку измените на законот за електронски комуникации можат да ги нарушат правата на луѓето.
Предложените измени на законот со кои МВР ќе може да ги следи и прислушува сите луѓе во државава без налог од суд, не помина вчера на собраниска комисија и беа вратени на доработка. Пратениците се согласија во понатамошните активности дабидат опфатени и сите оние институции кои имаа допирни точки со оваа проблематика.
Од Хелсиншкиот комитет велат дека досега никој не побарал мислење од нив, но тие анализата на која работат ќе ја поднесат до Собрание, бидејќи имаат забелешки за измените на законот. Поранешниот претседател на Хелсиншки, Мирјана Најчевска вели дека е потребен вистински контролен механизам, посебно на надворешна контрола на работата на МВР.
„Било каква измена во оваа насока ќе претставува ограничување на основите права и слободи на граѓаните и отварање на можност за нови повреди на овие права.“
Организациите кои имаат допир со заштита на човековите права, велат дека партиите или не ги консултираале воопшто и не им доставиле верзии од законот, или, пак, биле консултирани само во првата фаза од проектот. Маријана Марушиќ од Дирекцијата за заштита на лични податоци вели дека тие испратиле забелешки до Министертвото за транспорт и врски , но не за делот за кој сега се зборува дека е спорен. Не биле консултирани за измените и заедно со фондација Метаморфозис работат на анализа со целподобрување на законот. И од фондацијата „Метаморфозис“ велат дека досега не биле консултирани, иако се занимаваа со проблематика на заштита на личните податоци во дигиталната сфера. Од таму велат дека е ова многу важно прашање и со анализата сакаат да дадат предлози за тоа како општеството да се направи послободно.
Мирјана Најческа вели дека власта не разбира што е тоа партиципативна демократија и затоа отсуствува поширока расправа за носење на закони. Ако има форум тогаш граѓаните ќе бидат запознаени со законот и повеќе ќе го почитуваат, вели Најческа.
„Во последно време поради забелешките коишто доаѓаат од страна всушност се прават некои „алиби консултации“, кои што го покажуваат нерезбирањето на власта за потребата од овој вид на демократија.“
Организациите чекаат да бидат повикани за да ги кажат своите мислења , но и да не се случи тоа тие своите предлози ќе ги достават до Собранието.
Предложените измени на законот со кои МВР ќе може да ги следи и прислушува сите луѓе во државава без налог од суд, не помина вчера на собраниска комисија и беа вратени на доработка. Пратениците се согласија во понатамошните активности да
Било каква измена во оваа насока ќе претставува ограничување на основите права и слободи на граѓаните и отварање на можност за нови повреди на овие права.
Од Хелсиншкиот комитет велат дека досега никој не побарал мислење од нив, но тие анализата на која работат ќе ја поднесат до Собрание, бидејќи имаат забелешки за измените на законот. Поранешниот претседател на Хелсиншки, Мирјана Најчевска вели дека е потребен вистински контролен механизам, посебно на надворешна контрола на работата на МВР.
„Било каква измена во оваа насока ќе претставува ограничување на основите права и слободи на граѓаните и отварање на можност за нови повреди на овие права.“
Организациите кои имаат допир со заштита на човековите права, велат дека партиите или не ги консултираале воопшто и не им доставиле верзии од законот, или, пак, биле консултирани само во првата фаза од проектот. Маријана Марушиќ од Дирекцијата за заштита на лични податоци вели дека тие испратиле забелешки до Министертвото за транспорт и врски , но не за делот за кој сега се зборува дека е спорен. Не биле консултирани за измените и заедно со фондација Метаморфозис работат на анализа со цел
Во последно време поради забелешките коишто доаѓаат од страна всушност се прават некои „алиби консултации“ кои што го покажуваат нерезбирањето на власта за потребата од овој вид на демократија.