Фокус објавува скандалозна сторија за тоа дека и Преродбава има свое Големо уво: службата на Сашо Мијалков незаконски го прислушувала и неговиот баџанак, јавниот обвинител за организиран криминал Јован Илиевски, којашто, пак, е зачинета со фотографија на братучедот на Груевски на насловната страница со слушалки околу вратот! Неделникот прецизира дека новиот скандал – Големо уво 2, датирал од самиот почеток на власта на ВМРО-ДПМНЕ, од ноември 2006-та. Полицијата незаконски ги прислушувала телефоните на обвинителите кои работеле на откривање на шверц на цигари, кој преку Македонија, наводно, требало да заврши на Косово. Покрај гевгелиската обвинителка Кети Камчева, наведува Фокус, полицијата го уловила и јавниот обвинител за организиран криминал, Јован Илиевски – лично! На крајот на текстот, Фокус потсетува на предупредувањата на експертите дека македонските полициски служби стануваат сива зона, која никој не ја контролира. Или, поточно, ја контролира одвреме-навреме, кога во земјава се подготвуваат крупни работи: во 2001-та, кога се случи првата афера Големо уво – конфликт, сега избори, или нешто трето... Можеби промена на името?, поставува реторичко прашање неделникот Фокус.
Насловната страница на Глобус е исто така интересна: фотографија на Никола Груевски со наслови дека „Македонија не е Киргистан, Скопје не е Бишкек“ и дека „Никола Груевски нема да бега како Курманбег Бакиев“. Во поширокиот текст, Глобуспишува дека минатата седмица светот гледаше во телевизорите, набљудувајќи ја револуцијата во Киргистан. Македонија е далеку од такви ситуации, констатира неделникот, но тие можат да послужат како едно потсетување до што може да доведе една смрзната агрегатна состојба која сега и е наметната на нашава земја. Глобус заклучува дека СДСМ ќе му суди на Груевски за Окта и оти Црвенковски заигра на се или ништо повикувајќи го Груевски на двобој за приватизацијата. Колку за потсетување, опозицискиот лидер предложи промена на Уставот во делот за (не)застарување на евентуалните кривични дела за време на приватизацијата на државните и јавните претпријатија, што ВМРО-ДПМНЕ, по неколкудневно фемкање, ја прифати фрлената ракавица од Црвенковски.
Неделникот Форум, во најновото издание, покрај другото, ја опсервира темата за финансирањето на политичките партии, па востатијата насловена како „Село без кучиња“ пишува дека тоа е табу-тема за политичарите. Кој на која партија колку пари и' дава е мистерија, а зад таквата нетранспарентност се кријат многу коруптивни случаи, заклучува неделникот. При ова, Форум, потсетува на стариот проблем на кој и Брисел повеќепати ја предупредува државава, дека не е важно законите само да се донесат, туку да се создадат услови за нивно спроведување, а за тоа е клучна политичката волја која што кај партите, и оние на власт и они е во опозиција, не се гледа.
Македонските полициски служби стануваат сива зона.
Насловната страница на Глобус е исто така интересна: фотографија на Никола Груевски со наслови дека „Македонија не е Киргистан, Скопје не е Бишкек“ и дека „Никола Груевски нема да бега како Курманбег Бакиев“. Во поширокиот текст, Глобус
Никола Груевски нема да бега како Курманбег Бакиев.
Неделникот Форум, во најновото издание, покрај другото, ја опсервира темата за финансирањето на политичките партии, па во
Село без кучиња.