Достапни линкови

Собраниска длабока криза


Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски

СДСМ поднесе предлог за разрешување на претседателот на парламентот Трајко Вељаноски. Власта смета дека СДСМ сака да го дефокусира вниманието на јавноста.

Седницата на која треба да се расправа за предлогот на СДСМ за разрешување на спикерот Трајко Вељаноски ќе се одржи во сабота. До тогаш, во Собранието нема да се одржуваат седници, соопшти претседателот на Парламентот, Трајко Вељаноски. Тој вели дека СДСМ му ја доставило предлог одлуката за негово разрешување, по што тој ги откажа седниците за денеска и утре, бидејќи како што рече, „се работи за легитимитетот на првиот човек на Собранието“.

„Поднесувањето на одлуката за мое разрешување нема да ме премисли во моите намери, од една страна да ги расчистиме сите околности поврзани со инцидентот на 1 јули, а од друга страна, Собранието да продолжи да ги извршува своите уставни надлежности и остврувањето на нашата европска агенда.“
Емилијан Станковиќ


Предлогот за разрешување на Вељаноски добил подршка од 21 пратеник. Портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ вели дека дека спикерот Вељаноски и минситерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, неколку пати го прекршиле законот.
Трајко Вељаноски имаше можност да биде голем, да биде претседател на сите пратеници во ова Собрание, но тој избра да биде марионета на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Трајко Вељаноски имаше можност да биде голем, да биде претседател на сите пратеници во ова Собрание, но тој избра да биде марионета на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Воопшто нема кредибилетет да биде претседател на ова Собрание и денеска јавно го повикуваме да не губи време и седницата за негово разрешување да ја закаже утре, наместо во сабота, освен ако нема некој работа, да брише повторно нешто од собраниските архиви.“

Сепак, извесно е дека Вељаноски нема да биде разрешен, затоа што ВМРО-ДПМНЕ се противи на таква одлука, а тие го имаат мнозинството во Парламентот.
Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со предлогот за разрешување на Вељаноски, СДСМ сака да ја дефокусира јавноста од суштината на инцидентот и да ја одложат работата на Собранието во период кога се најавени расправи за многу битни прашања.

Илија Димовски

„Ние цениме дека СДСМ, со оваа предлог одлука, сакаат да го дефокусираат вниманието од инцидентот, кој што го предизвикаа нивните пратеници. На овој начин сакаат да предизвикаат Собранието да се занимава со се, освен со расчистување на околностите, под кои што се случи инцидентот на 1 јули“, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, со оваа предлог одлука, сакаат да го дефокусираат вниманието од инцидентот, кој што го предизвикаа нивните пратеници.


Денеска и евроамбасадорот Евран Фуере се огласи за овој проблем.

„Ја разбирам загриженоста на сите страни. Важно е да се вложат напори за да се дојде до разбирање и да се формира комисија, доколку се утврди дека тоа е потребно, се`со цел да се разрешат сите прашања. Земјата мора да оди напред. Собранието мора да покаже дека подржува дијалог и разбирање, а не инкриминација, со која се потценува угледот на земјата во странство.“

Пратеничките групи денеска не постигнаа компромисно решение за одлуката за формирање комисија која ќе го истражи собранискиот инцидентот, иако и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се залагаат за формирање на Комисија. Сепак тие не се согласуваат околу надлежностите на таквата комисија. Опозицијата инсистира на тоа дека е грубо прекршен Законот за собрание и дека тоа треба да биде централното прашање со кое ќе се занимава независното собраниско тело. Власта, пак, вели дека анкетната комисија треба да добие поширок мандат и поголема независност за да се опфатат целиот инцидент и одговорноста на учесниците.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG