Достапни линкови

МРТВ далеку од европските стандарди


Зависност од политички влијанија, немање универзалност, недостаток од современа техника, се дел од проблемите поради кои македонскиот јавен сервис е далеку од европските стандарди.

Македонската Радио Телевизија не ги исполнува основните европски стандарди, како што се програмските стандарди за универзалност, односно нејзините програми не доспеваат до сета публика, немаат жанровска разновидност, не се независни од различни облици на влијание и не ги задоволуваат стандардите за посебност. Вака Македонскиот институт за медиуми ја оцени работата на јавниот
Јавниот сервис не треба да и служи ниту на власта, на парламентот, на претседателот, на политичките партии, ниту на било кој друг центар на моќ. Тој треба да биде независен од сите центри на моќ и да им служи само на интересите на
граѓаните.
Секоја држава треба да создаде соодветни законски, економски и технички услови за развој на дигиталната радиодифузија.
радиодифузер во Македонија во контекст на европската медиумска политика.
Финансирањето на јавниот сервис од независни извори е предуслов за негова институциионална и уредувачка независност, вели Билјана Петковска од Институтот:

„Јавниот сервис не треба да и служи ниту на власта, на парламентот, на претседателот, на политичките партии, ниту на било кој друг центар на моќ. Тој треба да биде независен од сите центри на моќ и да им служи само на интересите на граѓаните, и тоа како на граѓани, а не како на потрошувачи.“

Но, секоја држава треба само да му помогне на јавниот сервис да има соодветни услови за работа, вели Петковска.

„Секоја држава треба да создаде соодветни законски, економски и технички услови за развој на дигиталната радиодифузија кои имаат за цел да го гарантираат пристапот на публиката до што поголем број домашни, квалитетни програми.“

Еден од сериозните проблеми на Македонската радио телевизија е и спроведувањето на дигитализацијата, бидејќи опремата е стара над дваесет години, вели поранешниот претседател на советот за радиодифузија Љубомир Јакимовски. Таа треба да започне да информира и за настаните во другите градови, а не само од случувањата во главниот град. Јавниот сервис дејствува во конкурентско опкружување, но тој не ги загрозува комерцијалните дифузери, вели тој.

„Јавниот радиодифузен сервис врши една мисија на изразување, ако сакате, на заштита на јавниот интерес, а приватните радиодифузери го остваруваат тоа што е исклучително важно во современа демократија, плурализмот.“

Советот на Европа и Европската комисија имаат усвоено низа документи и препораки според кои земјите членки и кандидати за влез во Унијата се обврзани да изградат медиумски систем со кој се гарантира слободата на изразување, независноста, плурализмот и разновидноста на информирањето.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG