Достапни линкови

Фридом Хаус: Медиумите под притисок


Политички притисок, финансиска зависност на јавниот сервис, се дел од забелешките
Политички притисок, финансиска зависност на јавниот сервис, се дел од забелешките

Македонија оценета лошо во однос на слободата на медиумите во најновиот извештај на Фридом Хаус. Изештајот нотира благо подобрување на степенот на демократијата во земјата во 2009 во споредба со претходната година.

Степенот на демократија во Македонија во 2009 e благо подобрен во однос на 2008 година, оценува Фрудом хаус во последниот извештај за земјите во транзиција. Подобрувања се забележени во категориите борба против корупција и изборен процес, додека оценките во останатите области, граѓанско општество, независност на медиуми, демократско управување - и на државно и на локално ниво, како и за независност на судството, се исти како во претходниот извештај.
Политичката волја ќе биде само еден од предусловите за поставување на висок професионализам во сите делови на јавниот сервис што ќе овозможи издигнување на потребите на европска форма на негово функционирање. Тоа досега не е постигнато.

Проблемите со независност на медиумите се провлекуваат со години и веќе седма година по ред Македонија ја добива истата лоша оценка 4,25. Оценките се од 1 до 7, при што 1 е најдобра оценка. Најголемите забелешки во оваа категорија се однесуваат на финансиската зависност на МРТВ од државата. Приватните телевизии, пак, се најголемите финансиери на кампањата за изборите во 2009 година. Политичкиот притисок врз медиумите беше значителен за време на изборната кампања. Тоа пред се се должи на тоа што сопствениците на дел од телевизиите се политички активни.
Професор Живко Андревски вели дека МРТВ мора да биде професионален сервис во сите сфери на медиумското работење.

„Политичката волја ќе биде само еден од предусловите за поставување на висок професионализам во сите делови на јавниот сервис што ќе овозможи издигнување на потребите на европска форма на негово функционирање. Тоа досега не е постигнато.“

Во 2009 година е направен напредок во децентрализацијата, реформите во судството и во борбата против корупцијата, се наведува во извештајот.

Локалните и претседателски избори во 2009 година поминаа мирно и исполнија најголем дел од демократските стандарди и затоа во оваа
Треба да се спомене и фактот дека Балканот успеа да се справи со голем дел од предизвиците и пречките и да го одржи трендот на постепено
подобрување.
категорија е подобрена оценката. Кандидатот Имер Селмани доби голем број гласови од Македонци, но се забележува и ниска излезност во општините со мнозинско албанско население во вториот круг од претседателските избори. Не беше избрана ни една градоначалничка, иако имаше 13 кандидатки.

Охридскиот договор непречено се имплементира и не става под прашање од ниту една политичка опција. Граѓаните, пак, имаат ниска доверба во политичките партии и ги перцепираат како бастиони на корупцијата и непотизмот.

Проблем за косолидирање на земјава претставува и зголемувањето на меѓуетничките тензии, поради закочените евроинтеграции.

Директорот за истражувања на Фридом хаус, Кристофер Вокер вели дека, по крвавиот распад на Југославија, балканските држави значително напредувале.

„Во контекст на лошите вести што доаѓаат, особено од поранешниот Советски сојуз, треба да се спомене и фактот дека Балканот успеа да се справи со голем дел од предизвиците и пречките и да го одржи трендот на постепено подобрување.“

Вокер, сепак, нагласува дека овие придобивки не треба да се земаат здраво за готово, особено во Босна каде што има пораст на екстремниот национализам.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG