Неделникот Глобус, на насловната ја најавува својата носечка анализа со наслов „50 илјади луѓе на митинг против Груевизмот – Власта ќе одговара за предавство“. Неделникот смета дека митингот беше една од најголемите политички манифестации во независна Македонија и коментира дека се одржал по серијата најтешки порази за Македонија на надворешнополитички план, на крајно влошени економски перформанси на земјата и на тешко нарушената внатрешна кохезија. Неделникот смета дека втората реална симболична вредност на собирот била во пробивањето на системот на стравот што власта со своите политики и систематски го всадуваше меѓу луѓето во изминативе четири години. Глобус наведува дека власта се обидела да му парира на овој голем настан со интензивни, како што пишува, популистички активности на премиерот, како што беше пуштањето во работа на плажата крај Вардар и со интервјуто на потпретседателот на Владата, Ставрески, за Сител во кое беа изнесени фантастични комбинации од бројки за состојбите во македонската економија, завршува Глобус.
Најновиот број на Фокус, на насловната прашува „Зар е можно Љубчо да крадел, а Груевски ништо да не знаел?“, што е всушност наслов на пошироката анализа за патот на парите воВМРО-ДПМНЕ. Авторот на текстот, покрај другото, се прашува како може министер за финансии во владата на, како што вели, „најголемиот арамија“ да не знае од каде се полни партиската каса, сосе чекмеџето на лидерот? Зарем Груевски, како економски експерт мислел дека милионите евра со кои партијата во периодот од 1998 од 2002 купуваше огромен имот, биле дар од Бога? Дека сето тоа минувало низ легални сметки и финансиски трансакции? По истата логика, заклучува Фокус, ако режимот на Груевски е пералница на пари, како што го процени Бранко, дали Ставрески, Јанкулоска или Јанакиески, не можат уште сега да ја согледаат таквата слика? Или токму некој од нив, како денес Ѓорѓи Наумов за Љубчо Георгиевски, еден убав ден ќе раскажува дека местото на Груевски е во Идризово? Фокус, во статијата поставува уште едно прашање: Зошто СДСМ ги остави овие детали под тепих, иако имаше доволно штоф за патот на парите во денес владејачката партија?
Форум, во најновиот број се занимава со последниот случај на напад врз претставник од новинарско-снимателската фела. Наместо премиерот, пишува неделникот, главна вест во медиумите во неделата што измина е неговиот телохранител поради инцидентот што се случи помеѓу него и снимателот на телевизијата Ера. Форум потсетува дека снимателот нема да тужи, како што тужба против полицијата не покрена ниту снимателот на Алсат, кој пред две и пол години беше претепан од припадници на единицата ’Алфа‘ на патарината кај Желино. Единствениот новинар, потсетува Форум, што тужел за напад е Лирим Дулови кој во Собранието доби шлаканица од пратеник на ДУИ, и кој веќе три години чека покана за судско рочиште. Полициската дисциплина не ги прескокнува и граѓаните, пишува Форум - според бројката во евиденцијата на Омбундсманот се' повеќе луѓе се жалат дека биле жртви на полициско малтретирање. Од друга страна, МВР тврди дека поплаките поради лош третман од страна на полицијата се намалуваат од година в година. Кому да му веруваме, прашува вашиот известувач.
Најновиот број на Фокус, на насловната прашува „Зар е можно Љубчо да крадел, а Груевски ништо да не знаел?“, што е всушност наслов на пошироката анализа за патот на парите во
Зар е можно Љубчо да крадел, а Груевски ништо да не знаел?