Блоката на евроинтеграциите придружена со лошата економија, генерално се темите на кои ќе се концентрира опозицијата и за кои смета дека може да понуди подобри решенија и политички алтернативи на актуелната влада на митингот в недела. Нашиот повик за поддршка на протестите е општ до сите граѓани без разлика на етничката или политичката припадност, изјави потретседателот на СДСМ Зоран Заев:
„Генерално е избран моментот заради самите настани коишто се случуваат, најмногу заради лошите финансиски состојби, придружени со недобивањето датум за преговори повторно, дефинитивно четири години владеење на оваа власт којашто беше избрана за економски да го подобри животот на граѓаните.“
Засега, поддршка и свое учество најавиле и останатите партии од опозицискиот фронт. Присуството го потврдија и НСДП и нивниот коалициски партнер во заедничката пратеничка група Демократска алтернатива, додека Либерално-демокртската партија не е воодушевена од начинот на кој, најголемата опозициска партија планира да и парира на актуелната партија на власт, по првичните најави на Црвенковски дека пред владата ќе соберат двојно повеќе граѓани од роденденскиот собир на ВМРО-ДПМНЕ.
„Што е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доколку со автобуси луѓето се носат од внатрешноста за да учествуваат на еден митинг па макар тој бил и изразување на незадоволство. Значи таквите методи не ги поддржуваме, а ќе го поддржиме секое спонтано собирањена народот за изразување на незадоволство“, изјави Роза Топузова Каровска.
Нова демократија на Имер Селмани тактизара за тоа дали нејзини претставници ќе учествуваат. Тоа зависи од тоа дали оваа албанска опозициска партија ќе најде своја причина да присуствува на граѓанскиот собир. Во прицип, во партијата не ја поддржуваат политиката на владата поради, како што оценуваат, блокадата на евроинтеграциите, разнишаните меѓуетнички односи и трошењето сретства од буџетот за непрофитабилни проекти, изјави Флора Кадриу:
„Меѓутоа што се однесува до учеството, треба да реши раководството на партијата.“
Во однос на ефектите што може да произлезат од митингот, експертите велат дека слично на рејтинзите, кои се сигнал за тоа во кој правец се движат политичките партии и митинзите се начин да се провери расположението кај граѓаните:
„Настапуваат пред се за да си ја измерат својата поддршка и да го кажат своето незадоволство од владата“, коментира Здравко Савески.
За партиите од актуелната власт, митингот на опозцијата е начин таа да покаже дека е присутна, но и да провери дали и колкав успех може да капитализира кај граѓаните. Од СДСМ потврдија дека подготвуваат организиран превоз за граѓаните од внатрешноста. По четири години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ова е прв митинг на опозицијата во организација на СДСМ.
Генерално е избран моментот заради самите настани коишто се случуваат, најмногу заради лошите финансиски состојби, придружени со недобивањето датум за преговори повторно.
„Генерално е избран моментот заради самите настани коишто се случуваат, најмногу заради лошите финансиски состојби, придружени со недобивањето датум за преговори повторно, дефинитивно четири години владеење на оваа власт којашто беше избрана за економски да го подобри животот на граѓаните.“
Засега, поддршка и свое учество најавиле и останатите партии од опозицискиот фронт. Присуството го потврдија и НСДП и нивниот коалициски партнер во заедничката пратеничка група Демократска алтернатива, додека Либерално-демокртската партија не е воодушевена од начинот на кој, најголемата опозициска партија планира да и парира на актуелната партија на власт, по првичните најави на Црвенковски дека пред владата ќе соберат двојно повеќе граѓани од роденденскиот собир на ВМРО-ДПМНЕ.
„Што е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доколку со автобуси луѓето се носат од внатрешноста за да учествуваат на еден митинг па макар тој бил и изразување на незадоволство. Значи таквите методи не ги поддржуваме, а ќе го поддржиме секое спонтано собирање
Што е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доколку со автобуси луѓето се носат од внатрешноста за да учествуваат на еден митинг.