Достапни линкови

ОН со осуда на насилствата во Киргистан


Во најкрвавите етнички судири во Киргистан во изминативе две децении, стотици загинати и илјадници повредени. На повидок и бегалска криза.

Советот за Безбедност на Обединетите Нации го осудува насилството во Киргистан и повикува на смирено враќање на правото и законот во земјата. Насилството меѓу етничките Киргизи и Узбеци во јужниот дел од земјата , резултираше со најмалку 170 мртви и повеќе од 1700 ранети луѓе. Организацијата за колективна безбедност, му предложи на Киргистан да му испрати хеликоптери и опрема за да и помогне на киргистанската Влада да ги сопре немирите. Киргистанките власти побара од Русија да им испрати војници за да ги сопрат немирите. Генералниот Секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун ќе испрати специјален претставник во Киргистан.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст предупреди дека хуманитарната ситуација во јужниот дел на Киргистан станува критична по неколкудневните судири и убиства меѓу Киргизите и Узбеците во земјата.

Агенциите јавија дека Русија испратила најмалку 150 војници во Киргистан како заштита на персоналот и опремата на руската воздухопловна база Кант во севрениот дел на Киргистан. Москва соопшти дека засега нема планови за распоредување руски сили за да помогнат во стабилизирањето на ситуацијата во Киргистан.

Министерството за здравство објави дека во изминативе три дена во насилствата биле убиени најмалку 170 луѓе, најмногу во Ош
Оваа киргиска влада не ја контролира ситуацијата во целост. Тие дури немаат ни точни информации. Отунбаева и нејзината влада не контролираат ништо. Да беше така немаше стотици коли од Бишкек да дојдат
тука.
и оти повеќе од 1.800 биле ранети.

Десетици илјади припадници на узбечкото малцинство ги напуштиле своите домови за да ги избегнат напади од групи Киргизи кои ги палат имотите на Узбеците. На границата со Киргистан, властите на Узбекистан почнале да подигнуваат бегалски кампови.

„Моментално е многу тешко да се даде точна бројка. Велат дека имало десетици илјади. Заедно со други хуманитарни организации и со Црвениот Крст на Узбекистан се обидуваме да дознаеме колку луѓе биле принудени да ги напуштат нивните домови“, изјави Ана Нелсон, претставник на Меѓународниот Црвен Крст во Киргистан.

Судири во јужен Киргистан
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:21 0:00
Директен линк


Активистите за човекови права велат дека киргистански власти и силите за безбедност не преземаат решителни акции за да го запрат насилството.

Преодниот претседател Роза Отунбаева призна дека нејзината влада ја загубила контролата во Ош и покрај тоа што испратила големи сили да го спречат крвопролевањето.

Насилствата покренаа бран на протести во Узбекистан, но и меѓу Узбеците кои живеаат во другите земји. Тие исто така сметаат дека во Киргистан владеел хаос.

„Оваа киргиска влада не ја контролира ситуацијата во целост. Тие дури немаат ни точни информации. Отунбаева и нејзината влада не контролираат ништо. Да беше така немаше стотици коли од Бишкек да дојдат тука“, вели Закир Еминов, Узбек кој живее во Русија.

Етничките Узбеци се 14 проценти од населението во Киригистан, но во Ош и во Џалал Абад се третина од тамошната популација.

И додека Узбеците ја поддржуваат преодната влада, Киргизите на југот на земјата се приврзаници на поранешниот претседател Курманбек Бакиев кој во април беше соборен од власт.

Отунбаева ги обвини Бакиев и неговите роднини дека ги предизвикале нередите во Ош со цел да не се спроведе референдумот за уставот на земјата на 27 овој месец. Бакиев ги отфрли ваквите обвинувања како бесрамна лага.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG