Да се биде припадник на етничко малцинство во главниот град на Русија, Москва, е тешко и во мирно време. Деновиве, по терористичките напади во метрото во Москва, луѓето кои живеат и работат таму, а се од Кавказот или од централна Азија, се плашат да излезат на улиците, стравувајки од одмазднички напади.
Узлипат Гебекова, студентка од Дагестан, деновиве посебно е внимателна што облекува кога оди низ улиците на Москва. Иако ги осудува нападите во метрото од страна на жени самоубијци, сега не се осмелува да носи шамија.
„Ситуацијата е многу опасна за нас. Да се носи шамија е ризик, животот во Москва за нас станува опасен.”
Луѓето од Кавказот, во Москва, се честа цел на расистички мотивирани напади, шиканирања и чести контроли од полицијата. Центарот Сова со седиште во Москва, кој ги следи расистички мотивираните напади, од понеделникот до сега регистрирал пет случаи на нападнати припадници на етнички малцинства, меѓу нив и врз три жени, една Ерменка и две муслиманки, кои носеле шамии. Галина Козхевникова од Сова Центарот оценува дека бројот на напади сигурно е поголем, бидејки нападнатите се плашат да пријават во полиција.
„Знаеме дека многу луѓе кои не се славјани, одбегнуваат да одат низ градот по нападите, едноставно се плашат.“
Ваквата клима ја подгреваат и некои политичари со своите изјави, како на пример, пратеникот Александр Гуров, кој запраша до кога ќе се манупилира со така-наречената толеранција. Александар Верковски, директор на Сова Центарот, нагласува дека и премиерот Владимир Путин давал воинствени изјави, наместо да се труди да го обедини општеството.
„Се разбира дека треба да се води битка против терористите, но претераната реторика е деструктивна, таа ги поттикнува негативните емоции.“
Абдула Дудаев, уредник на весник на чеченски јазик, вели дека чеченците во Москва се згрозени од она што се случи и оти во понеделничките експлозии настрадаа невини луѓе, но додава дека сега ќе страдаат токму Чеченците, како и секогаш по терористички напади.
„Односот кон нас ќе се влоши. Кога две муслимански жени беа тепани во метро, никој од многубројните присутни не им помогна. Тоа го покажува карактерот на општеството. Не може да се сокрие агресијата на луѓето кон странците.”

Ситуацијата е многу опасна за нас. Да се носи шамија е ризик, животот во Москва за нас станува опасен.