Достапни линкови

Русија бара еднакво партнерство со ЕУ


Самит, Русија - ЕУ во Хабаровск Мај 2009
Самит, Русија - ЕУ во Хабаровск Мај 2009

Рускиот амбасадорот во Брисел Владимир Чизов деновиве изјави дека безвизниот режим и соработката за економска модернизација ќе бидат главните теми на претстојниот самит Русија-Европска унија што кон крајот на месецов треба да се одржи во Ростов на Дон. За Чизов, двете цели се од голема важност за Русија.

Русија е подготвена да добие признание од Европската унија дека е важен столб во новиот мултиполарен светски поредок и да ги остави зад себе деновите кога Брисел ја учеше во реформирањето на нејзиниот систем. Ваквата оценка ја изнесе рускиот амбасадор во Брисел Владимир Чизов, додавајќи дека сегашен главен приоритет на руската агенда е добивање безвизен режим за руските граѓани.

„Мислам дека безвизниот режим ќе биде од корист за двете страни. Добро, можеби ќе има повеќе Руси кои ќе патуваат во Европската унија, но тоа е избалансирана, двонасочна улица.“
Мислам дека безвизниот режим ќе биде од корист на двете страни.

Според Чизов, Русија е подготвена реципрочно веднаш да ги укине визите за граѓаните на Европската унија, Тој и со оценка дека главна пречка за тоа е што некои земји во Европската унија, се уште имале фобии од минатото. Тоа всушност е прикриена забелешка за некои од поновите членки на Унијата од поранешниот Советски блок за кои руската влада смета дека се обидуваат да ја понижат со блокирање на напредокот на безвизниот режим. Но, за официјалните евро-претставници главни проблеми се безбедноста на руските патни документи, способноста на земјата да го контролира своите граници, и нејзината подготвеност да ја искорени корупцијата.

ЕУ - Русија самит 18 Nov 2009


На неодамнешиот состанок во Брисел, голем број министри за надворешни работи на Унијата оценија дека на Русија не смее да и се дозволи да добие предност во однос на другите источни соседни земји како Украина, кои веќе неколку години ги спроведуваат неопходните европски реформи. Од друга страна, амабсадорот Чизов јасно стави до знаење дека Русија повеќе не прифаќа никакво туторство од Европската унија. Осврнувајќи се врз заедничката декларација за економска модернизација што треба да биде потпишната на претстојниот самит, тој оцени дека тоа треба да биде партнерство меѓу еднакви.
Ова не е знаете како она познатото дека ЕУ е Господ кој доаѓа долу на земјата за да ја модернизира
Русија.

„Ова не е, знаете, за она познатото на сите: Европската унија е Господ, кој доаѓа долу на земјата за да ја модернизира Русија.“

Чизов смета дека соработката треба да се фокусира врз сличните предизвици со кои двете страни се соочуваат во мултиполарниот свет. Притоа тој ги наведува економски проблеми во Европската унија и иднината на еврото.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG