Достапни линкови

Вишок природен гас


Во извештајот кој неодамна го изготви Меѓународната Агенција, се наведува дека глобалните пазари на гас еволуирале, сега има поголема понудувачка , но намалена е побарувачката најмногу заради светската економска криза. За зголемената понудувачка придонесува и неочекуваниот бум на производство на гас во Северна Америка, благодарение на новите техники на ископување.
Мухамед –Али Заини, економисит и енергетски аналитичар од Центарот за глобални енергетски студии во Лондон, вели дека новите техники за добивање на гас од шкрилци, ќе се користат и во други земји во наредните години.

„Американските резерви на гас се зголемуваат а исто така и производството на гас. Сега и Европејците се обидуваат да научат како да произведат гас од шкрилци. И еден ден тие ќе ги користат своите резерви во Европа“.

Цената ке пага!

Во извештајот се наведува дека до 2015-та, резултатот од сите тие активности ќе биде драматично зголемување на гасоводите и терминали за производство на течен гас. Агенцијата за меѓународна енергија предвидува дека појавата на нови гасоводи , ќе биде уште поголема ако земјите продолжат со плановите да се заштеди енергија и да се развијат повеќе нови обновливи извори на енергија.
Русија, Кина и Катар најверојатно ќе бидат погодени од падот на побарувачката на гас. Овие три земји кои контролираат половина од светските резерви, во голема мера зависат од нивните големи потрошувачи и од странските инвеститори.

„Или производителите ќе мора да го намалат своето производство , за да може да ја контролираат цената исто како што сега ОПЕК ја контролира цената на нафтата, или само ќе продолжат со истото производство , а во тој случај цената ќе мора да се намали“.
Киркук

Во извештајот на меѓународната агенција за енергија се наведува дека побарувачката на гас во ЕУ ќе продолжи да расте во наредните години, но не во толкава мера како што претходно се предвидуваше. Тоа ќе биде проблем особено за Русија која во последните 25 години беше единствениот снабдувач на гас за Европа. Се уште не е јасно дали намалувањето на потребата за гас ќе влијае врз плановите за изградба на гасоводот „Набуко“. Со тој гасовод се предвидува да се намали зависноста на Европа од руски гас.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG