Работни групи повторно ќе ги „пеглаат“ односите меѓу коалиционите партнери во власта, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Понатамошниот расплет на настаните ќе покаже дали Черчил бил во право кога рекол дека ако не сакаш да завршиш некоја работа треба да формираш комисија. Пратениците на ДУИ вчера ја напуштија собраниската седница поради тоа што не се согласуваат Законот за денационализација да се носи по скратена постапка. Нивното враќање во парламентот зависи од тоа како ќе се надмине ситуацијата со законот.
„Сега ние имаме работни групи и во работните групи договараме начин како законот за денационализација да биде прифатлив за двата коалициони партнери. Очекувам дека ќе се договориме“, вели координаторот на пратеничката група на ДУИ во Собранието Тахир Тани.
И покрај тоа што не учествуваат на седниците, Хани вели дека тие не го бојкотираат Собранието.
„Ние имавме одлука да не го прифатиме дневниот ред, не да го напуштиме собранието, а во работата на собранието ние ќе влеземе кога ќе одлучиме.“
Во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека не се случува ништо драматично. Меѓу коалиционите партнери секогаш може да се јават несогласувања, велат тие.
Политикологот Владимир Мисев вели дека токму Собранието е главно место за дебата меѓу политичките претставници. Која е поентата на организирањето избори, ако народните избраници не дебатираат помеѓу себе, забележува тој.
Мисев вели дека е неблагодарно во овој момент да се предвидува натамошниот расплет на настаните, па и опстанокот на коалицијата. Имајќи го предвид влијанието на лидерите на партиите, посочува тој, може да се случи тие да се договорат и да продолжи како ништо да не било.
„Сметам дека законот не е толку суштински за функционирањето на коалицијата. Но, доколку ова се претвори во пракса и во иднина да се повторуваат слични ситуации, секако дека ќе најдат проблеми, посебно кога на дневен ред ќе дојдат капитални прашања, како прашањето за името на пример.“
Неодамна се формираа работни групи за да ги испеглаат несогласувањата помеѓу партиите од македонскиот и од албанскиот блок за предложените уставни измени. Нивната работа не даде резултат и ВМРО-ДПМНЕ се повлече од какво било менување на уставот.
Сега ние имаме работни групи и во работните групи договараме начин како законот за денационализација да биде прифатлив за двата коалициони партнери. Очекувам дека ќе се договориме.
„Сега ние имаме работни групи и во работните групи договараме начин како законот за денационализација да биде прифатлив за двата коалициони партнери. Очекувам дека ќе се договориме“, вели координаторот на пратеничката група на ДУИ во Собранието Тахир Тани.
И покрај тоа што не учествуваат на седниците, Хани вели дека тие не го бојкотираат Собранието.
„Ние имавме одлука да не го прифатиме дневниот ред, не да го напуштиме собранието, а во работата на собранието ние ќе влеземе кога ќе одлучиме.“
Сметам дека законот не е толку суштински за функционирањето на коалицијата. Но, доколку ова се претвори во пракса и во иднина да се повторуваат слични ситуации, секако дека ќе најдат проблеми, посебно кога на дневен ред ќе дојдат капитални прашања, како прашањето за името на пример.