Достапни линкови

Парламентарна криза за предвремени избори?


Macedonia - Inside the Assembly meeting hall, Skopje, undated
Macedonia - Inside the Assembly meeting hall, Skopje, undated

Недоразбирањата треба да се надминат, да се врати политичкиот дијалог во парламентот. Во спротивно нé очекува политичка криза и молк во Собранието, согласни се и дел од пратениците и експертите.

Дел од парламентарните групи не доаѓаат на координативните седници со претседателот на Собранието, не се распарава за важни прашања, а партиите од опозицијата велат дека владеачкото мнозинство и понатаму ги одбива нивните предлози. Пратеничката од ЛДП, Роза Топузовска Карева вели дека настаните кои се случија минатиот период не го доведуваат во прашање работењето на
Парламентарната демократија подразбира почит од парламентарното мнозинство кон опозицијата и секако одредени барања во однос на функционирањето на парламентот.
Собранието, бидејќи партиите на власт имаат двотретинско мнозинство, но во прашање е доведена парламентарната демократија.

„Парламентарната демократија подразбира почит од парламентарното мнозинство кон опозицијата и секако одредени барања во однос на функционирањето на парламентот, како што е ефикасноста на координациите, потоа промената на деловникот на кој ни укажува и ЕУ, дека не е донесен на демократски начин, туку насилно, во отсуство на опозицијата. Таа грешка да се поправи. Значи, парламентот има законодавна и надзорна улога.“

Но, ако не се исполнуваат тие улоги, тоа значи дека Собранието не функционира, вели Карева.
Изборите се понекогаш и празнење на фрустрациите и на некој начин смирување на состојбите.
Пратеникот Тахир Хани од ДУИ вели дека одвреме-навреме дијалогот меѓу власта и опозицијата затајува, како што е случајот сега. Хани, како преставник на партија која е на власт, вели дека партиите од опозицијата треба да се вратат на расправите во Собранието и да се дискутира отворено за сите прашања.

„Ние не можеме да делуваме ако тие имаат некоја друга политичка цел освен тоа да се воспостави дијалог во координација со сите пратенички групи.“

Експертите сметаат дека последните случувања во Собранието, бојкотот на расправите и координативните средби, забраната за расправа за важни прашања навестуваат парламентарна криза. Политикологот Хисен Рамадани, кој има искуство и како поранешен пратеник, вели дека работите во Собранието се усложнуваат и дека не гледа начин тоа да се надмине. Според Рамадани, излезот е во распишување на предвремени избори.

„Изборите се понекогаш и празнење на фрустрациите и на некој начин смирување на состојбите.“

Неодамна и меѓународната задница повика да се надминат проблемите и да се врати дијалогот во Собранието.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG