Достапни линкови

Задоцнета расправа на Комитетот за меѓуетнички односи


Зградата на Собранието на РМ
Зградата на Собранието на РМ

Дел од членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците сметат дека расправата во рамки на ова тело за проектот Скопје 2014 и воведувањето македонски јазик за првачињата Албанци, е веќе задоценета. Комитетот продолжи со работа по претходната блокада поради немање кворум.

По два месеци пауза, членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците се навратија на случувањата во образованието коишто предизвикаа бурни реакции кај Албанците и бојкот на наставата во некои училишта. Денеска комитетот ја продолжи 8-та седница или една од оние коишто доведоа до блокада на работата на ова тело поради неможноста да се обезбеди кворум за работа. Еден дел од членовите на Комитетот рекоа дека денешното поставување на горливите теми е веќе задоцнето и нема ефект.
Како ќе дебатираме за проектот „Скопје 2014“ кога објектите се веќе во втор спрат од изградбата.

„Како ќе дебатираме за проектот „Скопје 2014“ кога објектите се веќе во втор спрат од изградбата“, изјави од говорницата Бесим Догани.

Претседателот на комитетот, Џевад Адеми рече дека не станува збор за тоа дека темите не се веќе актуелни и вети дека дека наредниот пат ќе биде закажана и 9-тата седница на којашто на дневен ред беше проектот Скопје 2014. Изрази задоволство што комитетот повторно заседаваше со висока бројка на присуство на членовите а потоа активно ја постави денешната тема и сите како што рече отворени прашања во сферата на образованието коишто во интерес на меѓуетничкиот дијалог треба да добијат одговор. Темата на денешната седница беше поставена со извесна модификации во смисла на нејзино начелно поставување и без материјали.
Значи станува збор за обид на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците и обид на владеачкото мнозинство да се избегне блокадата на Комитетот.


„Значи станува збор за обид на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците и воопшто обид на владеачкото мнозинство и на сите пратеници, да се избегне блокадата на Комитетот за односи помеѓу заедниците и ако ве интересира, тоа е навраќање на истата точка меѓутоа на сосема различен начин“, изјави претставникот на српската заедница во комитетот, Иван Стоиљковиќ.

Догaни од Нова демократија вели дека Комитетот е само договорно деблокиран и дека на овој начин тој ја губи својата уставна функција. За да ја одблокира работата на комитетот, претседателот Џевад Адеми најпрвин мораше претходно да ја закаже 10-тата седница на која на дневен ред беше поставен извештајот на народниот правобранител за правична застапеност во институциите. Претходно помош за надминување на проблемот побара и од меѓународните претставници во земјава.
XS
SM
MD
LG