Последен настан кој ги разбранува страстите е вчерашното одложување на седницата на комитетот за меѓуетнички односи во Собранието, на која требаше да се расправа за проектот Скопје 2014. Седницата се одложи зашто немаше кворум. Не дојдоа тројца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од нивните коалициони партнери од помалите етнички заедници и еден пратеник од ДПА.
Пратеникот Џевад Адеми од ДУИ, кој е претседател на Комитетот, вели дека не може да ги коментира мотивите за недоаѓањето.
„Членовите на комитетот вчера биле во Собранието, се шетале по ходниците, и не влегоа во салата. Тоа ми дава за право да мислам дека недоаѓањето е намерно.“
Пратеникот Сулејман Рушити од опозициската Нова демократија, пак, е дециден дека се избегнува дебата за клучните меѓуетнички прашања.
„Не само за Скопје 2014, туку и за образованието, па и за пасошите кои ги нема и на албански јазик. Се избегнува дебатата, а ваквите проекти кога се предлагаат не се почитуваат основните начела, законот, уставот, значи тие се арбитрарни проекти и затоа се избегнуваат механизмите кои може да ги спречат таквите проекти.“
Пратеникот Андреј Петров од опозицискиот СДСМ вели дека е очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ ја опструира дебатата за меѓуетничките теми.
„Договорите помеѓу коалиционите партнери меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ сеуште не се завршени. Ние бевме сведоци на мајски договор, па на февруарски договор со кој се најавија споменици на албански преродбеници на плоштадот, очигледно дека тоа е недовршена работа и тие сеуште не се усогласени околу многу работи, а суштинските дебати отсуствуваат.“
Адеми се согласува дека ставањето на проблемите под тепих е лошо за земјата и посочува дека тоа им отвора простор на радикалните идеи од двете страни.
„Да разговараме и за жешки теми, никој не губи од тоа, сите добиваме.“
Причината за избегнувањето на дебата за меѓуетничките прашања, Адеми ја гледа во балканскиот менталитет на политичарите.
„Од не знаење, од предрасуди, од типичното стереотипно балканско поимање, на така да кажам, надмоќ на поголемата заедница.“
Во контекст на проектот Скопје 2014, како што пренесоа дел од домашните медиуми, Сојузот на Египќани од Македонија побара изградба на пирамида на скопскиот плоштад.
Членовите на комитетот вчера биле во Собранието, се шетале по ходниците, и не влегоа во салата. Тоа ми дава за право да мислам дека недоаѓањето е намерно.
Пратеникот Џевад Адеми од ДУИ, кој е претседател на Комитетот, вели дека не може да ги коментира мотивите за недоаѓањето.
„Членовите на комитетот вчера биле во Собранието, се шетале по ходниците, и не влегоа во салата. Тоа ми дава за право да мислам дека недоаѓањето е намерно.“
Пратеникот Сулејман Рушити од опозициската Нова демократија, пак, е дециден дека се избегнува дебата за клучните меѓуетнички прашања.
„Не само за Скопје 2014, туку и за образованието, па и за пасошите кои ги нема и на албански јазик. Се избегнува дебатата, а ваквите проекти кога се предлагаат не се почитуваат основните начела, законот, уставот, значи тие се арбитрарни проекти и затоа се избегнуваат механизмите кои може да ги спречат таквите проекти.“
Договорите меѓу меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ сеуште не се завршени. Ние бевме сведоци на мајски договор, па на февруарски договор со кој се најавија споменици на албански преродбеници на плоштадот, очигледно дека тоа е недовршена работа .