Тој претходно уште и обвини и дека Владата нема чувство за духовните и за другите потреби на муслиманите во Македонија. Не е многу тешко да се предвиди дека изградбата на црква на плоштадот ќе предизвика ваков развој на настаните во мултиетничко општество во кое потребата тензиите да се смируваат наместо да се разгоруваат е постојана, коментира политикологот Петар Арсовски.
„Сите последни потези, почнувајќи од МАНУ, па воведувањето на македонскиот јазик од прво одделение, па црквата на плоштад, ако ништо друго се игнорантски однос кон фактот дека Македонија е мултикултурна земја.“
Според аналитичарот Хисен Рамадани не е потребен голем напор туку само волја за во земјата да се создаде атмосфера дека Македонскиот граѓанин од која било етничка припадност не е алергичен на културните одлики на другите етнички заедници. Токму затоа според него изградбата на новите објекти на плоштадот треба да содржи одлики од различните заедници во државата.
„Да се даде објаснување дека тие не се во функција да им служат само на една етничка заедница, дека тие се во функција на сите граѓани. Прво тоа треба да се каже.“
Прашањето на изградбата на верските објекти на плоштадот многу очекувано преминува на политички и меѓуетнички терен реагира опозицијата на изјавите од Исламската верска заедница и затоа според нив разговор околу темата на било кое ниво би бил прифатлив па дури и неопходен за да ги смири тензиите.
„Мислам дека мора да постојат разговори. Ова станува се пожешко, и не смее да се дозволи така да опстојува. Но, мислам дека тука е улогата на владата, која пред се на политички план треба да го расчисти со албанските политички партии, а понатаму да се разговара и со оваа верска заедница во државата.“
изјави Зоран Заев од СДСМ. Исламската веерска заедница пред една недела поднела и официјално барање до градоначалникот на општина Центар за измени во Деталниот урбанистички план за делот познат како Ринг односно за Плоштадот. Од општината велат дека понатамошната процедура би подразбирала поднесување иницијатива од страна на градоначалникот на Центар до Советот на општината којашто е единствено надлежен да донесе одлука по една таква иницијатива но засега не можат да кажат и дали градоначалникот таква иницијатива има намера да поднесе.
Вашето мислење за проектот „Скопје 2014“ можете да го оставите во рубриката „Хајд Парк“ со кликнување тука
Сите последни потези, почнувајќи од МАНУ, па воведувањето на македонскиот јазик од прво одделение, па црквата на плоштад, ако ништо друго се игнорантски однос кон фактот дека Македонија е мултикултурна земја.
„Сите последни потези, почнувајќи од МАНУ, па воведувањето на македонскиот јазик од прво одделение, па црквата на плоштад, ако ништо друго се игнорантски однос кон фактот дека Македонија е мултикултурна земја.“
Според аналитичарот Хисен Рамадани не е потребен голем напор туку само волја за во земјата да се создаде атмосфера дека Македонскиот граѓанин од која било етничка припадност не е алергичен на културните одлики на другите етнички заедници. Токму затоа според него изградбата на новите објекти на плоштадот треба да содржи одлики од различните заедници во државата.
„Да се даде објаснување дека тие не се во функција да им служат само на една етничка заедница, дека тие се во функција на сите граѓани. Прво тоа треба да се каже.“
Прашањето на изградбата на верските објекти на плоштадот многу очекувано преминува на политички и меѓуетнички терен реагира опозицијата на изјавите од Исламската верска заедница и затоа според нив разговор околу темата на било кое ниво би бил прифатлив па дури и неопходен за да ги смири тензиите.
Да се даде објаснување дека тие не се во функција да им служат само на една етничка заедница, дека тие се во функција на сите граѓани. Прво тоа треба да се каже