Достапни линкови

Скопје 2014 – поделени мислења


Наскоро нов изглед? Центарот на Скопје
Наскоро нов изглед? Центарот на Скопје

За планиранте урбанистички концепции за Скопје во 2014 зборуваат речиси сите политички партии. Мислењата се поделени во зависност дали доаѓаат од власта или опозицијата. Кич, основа за поделби, одвлекување на внимание и нов градски идентитет се најчестите оценки за проектот.

Политикологот Ибархим Мехмети сета дека за очкување е дека ваква тема ке предизвика внимание зошто се работи за споменици кои имаат историско значење .
Но, во исто време се работи и за религиозни објекти, така што, тоа не може да се избегне како тема и нормално дека ќе предизвика реакција


„Но, во исто време се работи и за религиозни објекти, така што, тоа не може да се избегне како тема и нормално дека ќе предизвика реакција.“

Според Мехмети друго е прашањето дали оваа тема требаше да се обработи на поинаков начин имајки ја предвид нејзината сензибилност. Опозицијата проктот на владата го коментира како кич, националистички и тенденциозен. ВМРО ДПМНЕ деновиве презентираше документ според кои СДСМ уште во 2004 година планирал изградба на споменикот на Александар Македонски на плоштадот што СДСМ го отфрли како фабрикација за да го пренасочи вниманито наместо да ги брани своите потфати. Неколку денови по претствувањето на плановите за изгледот на Скопје рекциите се разгоруваат. За професорот Звонимир Јанкуловски рекциите на опозицијата околу изгледот на Скопје произлегуваат од тоа што незнаат што да прават во контекст на решавањата на основните политички прашања.

„Опозицијата очигледно дека нема ниту идеја, ниту концепт како да делуваат во контекст на тоа што значи решавање на основните политички прашања кои ја тангираат Република Македонија и се концентрираат на прашања кои излегуваат надвор од политиката и надвор од она што значи опозиционо делување.“
Се разбира дека со отворање на вакви теми коишто можеби не се толку значајни за иднината на земјата се одвлекува вниманието, можеби тоа била и целта?


Факт е дека има трошење на политичките капацитети надвор од политичката логика зошто има други теми кои ја оптоваруваат Македонија и заслужуваат многу поголемо внимание и интерес на политичкиете субјекти во државата, теми кои не засегаат сите нас како инвестициите, економијата и евроинтегративните процеси вели Мехмети:

„Се разбира дека со отворање на вакви теми коишто можеби не се толку значајни за иднината на земјата се одвлекува вниманието, можеби тоа била и целта?“

Коалицискиот партнер на владата, ДУИ, проектот го оценува како упад врз заедничките вредности со кој се продлабочуваат етничките поделби. За ВМРО ДПМНЕ визијата ги отсликува културните и естетските вредности на Македонија. Позитивните коментари се движат во насока дека Скопје ке добие идентитет и оформено централно подрачје, а негативните се однесувата на стилот на планираните градби и пренатрупаноста на центарот.

SKOPJE - 2014
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:04:21 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG