Некој што се потпишува со Кимов, во „Утрински“ на пример, во врска со проектот „Скопје 2014“ кој дефинитивно стана најкоментирана појава во последниве две недели, пишува дека повеќе од 75 отсто од народот го поддржува проектот и дека тоа било доволно. „Какви дебати, какви референдуми“ вели Кимов и бара засукување на ракавите и работа за тој да се оствари. Подолу во пораките, некој „Јас“ му порачува на Кимов да „не тресе бројки од ракав“ и му вели: „Погледни ја анкетава на Утрински па после треси зелени“, а во заграда додава: „читај: пишување по диктат…“. Да не грешам душа, ама тука се ми мириса дека овие двајца се или членови или симпатизери на двете најголеми партии – едната што е на власт сега, другата што е опозиција.
Во Хајд паркот на веб-страницата на Радио Слободна Европа, Мендух од Тетово, на истава тема, со иронија која веројатно произлегува од реакцијата на, во суштина, поделеното живеење меѓу Македонците и Албанците, пишува: „Може плоштадот да се прави, ама и џамија да има обавезно, па да се одреди кој ден за Албанците на плоштад, а кои денови за Македонците, како што ни идат децата у школо, у одвоени паралелки, или едните претпладне, другите попладне“. Љупчо од Велес, исто така во Хајд паркот на нашево радио смета дека, поради тоа што се мисли само за Скопје, не е ни чудо што „Грциве не викаат Република Скопје“. „Чичко Митре од Кушкундалево“ на сајтот на А1 Телевизија вели дека и тој е да се ставаат споменици на комшиите, мислејќи, веројатно на споменикот на Александар Велики, ама предлага, „да има споменик и на понекоја комшивка“. „Не се тие ненормални, туку ние што верувавме во преродбата!“, самокритички и некако покајнички извикува „чичко Митре од Кушкундалево“. Еден Глигор во Утрински прашува: „Со кое право ние мора да си го смениме името за некаков датум?“. Неименуван читател, одговарајќи му на Глигор, очигледно не знаејќи многу историја, смета дека „до пред 50-тина години сите се сметале за Срби или Бугари“. Патем, за овој пишувач, Срби се пишува со мала, а Бугари со голема буква! Потоа, мора да се признае непримерено, повикува: „Свестете се, овци од ДПМНЕ, и овој идентитет од 1945 ќе го изгубиме со вас“.
Некој Ивица од Струмица, на сајтот на А1 телевизија, по големиот одрон на патот кај Бигорски пишува: „Страшно. Бранко е крив и за ова“, а како пост скриптум додава: „Шалата на страна, само да нема некој под одронот“. Еден Левичар во Утрински, во врска со намалувањето на акцизите за половните увозни автомобили констатира: „Врти-сучи, стана и Грујо комуњара“. И како за крај, Коле од Скопје на сајтот на А1 ТВ со три извичници на крајот им порачува на сите: „Абе све експерти и аналитичари во Македонијава, коментираат, пишуваат, парче прават…абе земете фатете се за работа, не дремете на интернет, исклучете телевизор!!!“.
Да не грешам душа, ама тука се ми мириса дека овие двајца се или членови или симпатизери на двете најголеми партии – едната што е на власт сега, другата што е опозиција.
Во Хајд паркот на веб-страницата на Радио Слободна Европа, Мендух од Тетово, на истава тема, со иронија која веројатно произлегува од реакцијата на, во суштина, поделеното живеење меѓу Македонците и Албанците, пишува: „Може плоштадот да се прави, ама и џамија да има обавезно, па да се одреди кој ден за Албанците на плоштад, а кои денови за Македонците, како што ни идат децата у школо, у одвоени паралелки, или едните претпладне, другите попладне“. Љупчо од Велес, исто така во Хајд паркот на нашево радио смета дека, поради тоа што се мисли само за Скопје, не е ни чудо што „Грциве не викаат Република Скопје“. „Чичко Митре од Кушкундалево“ на сајтот на А1 Телевизија вели дека и тој е да се ставаат споменици на комшиите, мислејќи, веројатно на споменикот на Александар Велики, ама предлага, „да има споменик и на понекоја комшивка“. „Не се тие ненормални, туку ние што верувавме во преродбата!“, самокритички и некако покајнички извикува „чичко Митре од Кушкундалево“. Еден Глигор во Утрински прашува: „Со кое право ние мора да си го смениме името за некаков датум?“. Неименуван читател, одговарајќи му на Глигор, очигледно не знаејќи многу историја, смета дека „до пред 50-тина години сите се сметале за Срби
Абе земете фатете се за работа, не дремете на интернет, исклучете телевизор!!!
Некој Ивица од Струмица, на сајтот на А1 телевизија, по големиот одрон на патот кај Бигорски пишува: „Страшно. Бранко е крив и за ова“, а како пост скриптум додава: „Шалата на страна, само да нема некој под одронот“. Еден Левичар во Утрински, во врска со намалувањето на акцизите за половните увозни автомобили констатира: „Врти-сучи, стана и Грујо комуњара“. И како за крај, Коле од Скопје на сајтот на А1 ТВ со три извичници на крајот им порачува на сите: „Абе све експерти и аналитичари во Македонијава, коментираат, пишуваат, парче прават…абе земете фатете се за работа, не дремете на интернет, исклучете телевизор!!!“.