Достапни линкови

Дневен печат – „Скопје 2014“ во фокусот


Плоштад Македонија деновиве
Плоштад Македонија деновиве

Проектот за новиот изглед на центарот на Скопје, наречен ,,Скопје 2014,, го окупира вниманието на јавноста, буквално, целава измината недела, со исклучок на два-три дена

Проектот за новиот изглед на центарот на Скопје, наречен ,,Скопје 2014“ го окупира вниманието на јавноста буквално целава измината недела, со исклучок на два-три дена а да се каже вистината, главно според информациите на опозициски настроените и електронски и пишани медиуми кои паралелно со ова, пишуваа и за другата страна на медалот со име главен град на државата: немањето фекална и атмосферска канализација во половина Скопје, дупките по улиците, неосветлените улици, катастрофалниот градски превоз…

„Утрински“: Скопје 2014 фо затега ременот околу Груевски

Значи, ,,,Скопје 2014' го затега ременот околу Груевски“, пишува ,,Утрински“ наведувајќи дека опозицијата и ДУИ го повикуваат премиерот во Собранието да даде одговори за проектот, кој според опозицијата ќе чинел 200 милиони евра а според министерката за култура и градските татковци на Центар и на градот Скопје „само“ 80 милиони евра. ,,Утрински“ исто така ги прозива и архитектите од Академијата, Асоцијацијата и од Здружението на архитекти поради нивното молчење и неизјаснување за естетските и архитектонските вредности на проектот.

„Дневник“: „Ајде, на здравје, Скопје“

,,Ајде, на здравје, Скопје“ ги користи ,,Дневник“ во насловот стиховите од позната песна на ,,Леб и сол“ давајќи, неколку дена по ред, опширен преглед на реакциите на граѓани, одредени интелектуалци и некои невладини организации „за“ и „против“ новиот проект, нагласувајќи дека граѓаните со месеци ќе бидат без плоштадот поради градежните работи кои веќе почнаа. ,,Нова Македонија“ во едно издание пишува дека дека Нова демократија на Селмани во Собранието доставила иницијатива Комитетот за односи меѓу заедниците да расправа за проектот ,,Скопје 2014“.

Вечер: „И за дрога и за педери протестираа едни те исти“

Освен веста дека претседателот на општина Центар ја претстави видео-анимацијата на новиот план за главниот град, ,,Вечер,, уште во едно издание пишува за ова со, искрено речено, непримерен јазик дека, цитирам, ,,И за дрога и за педери, и против театри и споменици протестираат едни те исти,, наведувајќи дека протестите на градскиот плоштад во неделата биле предводени од Фондацијата Сорос, Владо Милчин и од СДСМ.

Лондонски „Тегераф“: Хотел за НАТО?

Втора дежурна тема е аферата која во земјава дојде преку британскиот весник ,,Телеграф“ кој објави дека локацијата во Скопје ја добил помошникот на лидерот на владејачката конзервативна партија и премиер Дејвид Камерун, лично од премиерот Груевски, со ветување за поддршка од конзервативците за влез на земјава во НАТО и во ЕУ. Се разбира, во сенка на овие настани, помина усвојувањето на Резолуцијата за Македонија во Европскиот парламент во средата, чиј автор е словенечкиот социјалист Зоран Талер, но и потсетувањата дека за да добие датум за преговори, земјава треба да поработи на добрососедските односи, што ќе рече, на решавањето на проблемот за името.

„Време“: Големи рокади во владиниот кабинет?

,,Време“ од свои извори објавува дека се подготвуваат големи рокади во владиниот Кабинет и дека сегашната десна рака на премиерот, Мартин Протуѓер ќе бил нов шеф на дипломатијата. Како доказ за ова, ,,Време,, наведува дека блискиот до Владата весник ,,Вечер“ објавил широк напис-портрет на актуелниот шеф на Кабинетот на Груевски, а неделникот ,,Форум“ исто така близок до владејачката партија- интервју со него.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG