Седницата на Комитетот за меѓуетнички односи на која требаше да се расправа за проектот ,,Скопје 2014" не се одржа, бидејќи мнозинството членови не беа присутни. На седницата не дојдоа тројца членови од владејачката партија ВМРО ДПМНЕ и пратениците од српската ромската и босанската заедница, кои се дел од владејачката колација, како и еден пратеник од ДПА. Претседателот на Комитетот Џеват Адеми изјави дека најверојатно нивното неприсуство е намерно и дека му пресостанува да го извести за ситуацијата претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и да се повлече од позицијата. Седницата на Комитетот по трет пат не може да се одржи поради паратениците на владејачката партија, кои намерно не доаѓаат вели Теута Арифи од ДУИ.
„Намерното недоаѓање на седниците на Комитетот за меѓуетнички односи е свесно блокирање на работата на институциите кои се произлезени од Рамковниот Договор и уште повеќе, свесно прекршување на вредностите кои што се произлезени од Охридскиот Рамковен Договор.“
Никола Ќурчиев од опозициската СДСМ вели дека повеќе од очигледно е оти некој ја опструира работата на комитетот. На сите им е јасно дека партиите на власт не сакаат да се дебатира во Собранието за еден штетен проект, како што е ,,Скопје 2014", вели тој.
„Повторно очекувам извештајот од Брисел за работата на Комитетот да биде негативен, а дали се работи за членови на најголемата политичка партија или пак за нивните ,,сателити" е сосема очигледно. Повеќе од очигледно е дека договорите помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ изгледа не се завршени.“
Продолжувањето на бојкотот од парламентарното мнозиство е показател дека сите проекти кои ги рушат етничките и верските односи се ставаат надвор од било каква дебата вели претседателот на Нова Демократија, Имер Селмани. Комитетот треба да одлучи дали проектот ,,Скопје 2014" ги зближува различните верски заедници или ги одалечува.
„Не смееме да продолжиме како држава која што претендира да биде мултиетничка и државата која што претендира да биде европска, за суштински прашања кои што се столбови на оваа држава и ова општество, Парламентот да не расправа, односно да се бојкотира од страна на Владата од страна на парламентарното мнозинство.“
Од ВМРО ДПМНЕ ја префрлаат вината кај помалите етнички заедници, кои не доаѓааат на седниците на комитетот поради незадоволството од програмите за вработување според Рамковниот договор. Тие велат дека секое отсуство не треба да се сфаќа како политичка порака и дека тие не бегаат од темата и дебата за неа. Од Нова Демократија најавија дека ќе покренат иницијатива до собранието да се измени законот за во иднина да не се доведе во прашање функционирањето на Комитетот поради отуство на членовите.
Намерното недоаѓање на седниците на Комитетот за меѓуетнички односи е свесно блокирање на работата на институциите кои се произлезени од Рамковниот Договор
„Намерното недоаѓање на седниците на Комитетот за меѓуетнички односи е свесно блокирање на работата на институциите кои се произлезени од Рамковниот Договор и уште повеќе, свесно прекршување на вредностите кои што се произлезени од Охридскиот Рамковен Договор.“
Никола Ќурчиев од опозициската СДСМ вели дека повеќе од очигледно е оти некој ја опструира работата на комитетот. На сите им е јасно дека партиите на власт не сакаат да се дебатира во Собранието за еден штетен проект, како што е ,,Скопје 2014", вели тој.
„Повторно очекувам извештајот од Брисел за работата на Комитетот да биде негативен, а дали се работи за членови на најголемата политичка партија или пак за нивните ,,сателити" е сосема очигледно. Повеќе од очигледно е дека договорите помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ изгледа не се завршени.“
Повторно очекувам извештајот од Брисел за работата на Комитетот да биде негативен