Три години бистите на народниот херој Ванѓел Тунело и првоборецот Коле Лачето, стојат во канцеларијата на борците во Битола, зашто локалната власт не им им дала дозвола да ги постават во алејата кај градското шеталиште. Барање за локација доставиле пред две години, а пред шест месеци оставриле средба со градоначалникот на Битола, Владимир Талески кој им ветил дека работата ќе се среди, но до донес не добиле зелено светло. Тие се сомневаат дека одолговлекувањето е последица на заладените односи меѓу локалната власт и претходното раководство на Сојузот на борци, на чие чело беше долгогодишниот претседател Гавро Пановски. Сега, новото претседателство вели дека приоритет им е да ја подобрат соработка со општината.
„Па чекаме околу 6 месеци. Важно пројавен е интерес за соработка. Досега многу малку беше работено на тоа поле со старото раководство. Сега ние настојуваме по секоја цена да ја обновиме таа соработка. Неминовна е соработката со локалната самоуправа. Од разговорот што го водевме се наѕира дека постои интерес за соработка меѓу борците и локалната самоуправа“, вели потпретседателот Александар Трајковски.
Новиот претседател на Сојузот, Илија Малевски, објаснува кое е значењето на поставувањето на овие бисти.
„Тунелот е последниот народен херој од Битола. Во Македонија останал барем уште Руски во Прилеп. Други немаме. И семејствата се уште повеќе загрижени и велат како тоа се најде за нашите кои дадоа се од себе да не можат да добијат локација.“
Од комисијата за спомен обележја образложуваат дека „во проектот за шеталиштето се предвидени маркици за нивните бисти и постоечките бисти низ градот ќе бидат дислоцирани и собрани на едно место сите“, изјави претседателката Монока Јовановска.
Па чекаме околу 6 месеци. Важно пројавен е интерес за соработка. Досега многу малку беше работено на тоа поле со старото раководство. Сега ние настојуваме по секоја цена да ја обновиме таа соработка. Неминовна е соработката со локалната самоуправа