Достапни линкови

Обновени украдените бисти во Прилеп


Обновените бисти во Прилеп
Обновените бисти во Прилеп

Во Прилеп повторно се поставени нови бисти на народните херои, украдени пред две и пол години. Освен обновувањето на постоечките бисти на хероите од градот Првоборец, локалните власти најавуваат дека ќе следи поставување на нови споменици.

По две и пол години откако беа украдени 7 од вкупно 10 бисти од Алејата на народните херои на Могилата на непобедените, по кои Прилеп го добил и орденот град- херој, конечно Локалната самоуправа постави нови бисти врз празните постаменти.
Од општинската организација на Сојузот на борците од каде не стивнуваа реакциите зашто сите национални и локални празници во градот првоборец се чествуваа во сенка на празните постаменти, велат добро е што им се оддаде достојна почит на хероите кои ги положија своите животи на браникот на слободата и кои се најзаслужни за ова што денес го уживаат нивните сограѓани.

„Се поставија повторно на истото место и останаа да ни сведочат како сведоци оти Прилеп е град во Македонија кој даде најголем број херои. Моштите на загинатите 640 горе се, а овде се бистите на сите 10 херои наши.“

Вели Методија Костоски од прилепската боречка организација.Повторното поставување на бистите на народните херои за
Се поставија повторно на истото место и останаа да ни сведочат како сведоци оти Прилеп е град во Македонија кој даде најголем број херои
министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска претставува културно- историски континуитет како главно обележје на националниот идентитет, она што не прави различни и посебни, но во исто време и она што не зближува со Европа.

„Министерството за култура ја покажува својата грижа за вистинските вредности и подготвеноста секогаш да вложува во нив. Затоа што само на овој начин, со оваа културна динамика и со негувањето на богатото културно наследство кое го поседуваме отвараме хоризонти за поквалитетна иднина и му велиме на светот „Добре дојде во Македонија„, земјата која е древен културен центар и земјата во која историјата е почетна точка од која се градат мостови од сегашноста и иднината.“

Во тој контекст од локалната самоуправа веќе најавуваат поставување на нови споменици годинава, на Крал Марко, Блаже Конески, Ѓорче Петров, Кузман Јосифоски-Питу. Изработка на импозантен споменик во чест на загинатите на Карпалак во височина од над 40 метри за да како што велат стане симбол на Прилеп и потсетник за поновата историја.
Културниот аспект велат надлежните даде нова димензија на градот во рамките но, и надвор од државата, затоа со зголемен интензитет ќе продолжи негувањето на културните традиции.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG