Достапни линкови

Борците ја обвинуваат владата за бугаризација


Сојузот на борци остро ја осудува намерата на Владата да гради музеј на восочни фигури во кој ќе бидат сместени ликовите на Ванчо Михајлов, Мара Бунева и Тодор Александров. Од Сојузот велат дека тоа се личности кои работеле исклучиво во интерес на бугарската кауза.

Ќе ја загубиме државата со ваква владина политика. Сите овие насоки на Владата за правење восочни фигури на Ванчо Михајлов, на крвникот на македонскиот народ, кој апсолутно ја негира македонската нација во корист на бугарската не водат никаде, освен кон бугаризација на државата-остро реагира Сојузот на борците,осудувајќи ги намерите на Владата за изградба на музејски комплекс во кој
Сигурно најпросто речено ако од една страна се негира таква восочна фигура да му се направи на народниот херој, Кузман Јосифоски-Питу, а место него го величаме Ванчо Михајлов, сето тоа јасно укажува дека оваа Влада води кон бугаризација на земјата, отворено ќе ви кажам
ќе бидат сместени како што велат од Сојузот фигури на личности кои не само што немаат никаков придонес за развојот на македонската нација, туку работеле исклучиво во интерес на бугарската кауза.

,,Сигурно најпросто речено ако од една страна се негира да таква восочна фигура му се направи на народниот херој, Кузман Јосифоски-Питу, а место него го величаме Ванчо Михајлов, па историјата јасно го обележа кој е Ванчо Михајлов, сето тоа јасно укажува дека оваа Влада води кон бугаризација на земјата, отворено ќе ви кажам."

Вели Гавро Пановски, претседател на Одборот на Сојуз на борците на Македонија. Доколку намерите на Владата се реализираат прилепската организација на Сојузот на борците најави и протести по улиците. Прилепските борци велат дека поставувањето на восочни фигури на контроверзните личности како Ванчо Михајлов, Тодор Александров и Мара Бунева се атак врз македонската историја, навреда на делото на вистинските револуционери, кои се единствено заслужни за денешната слобода. Велат Мара Бунева работела исклучиво во интерес на бугарската кауза.

,,Значи се гледа дека оти таа работела за бугарската кауза. Поправо работела за она ВМРО што се вика врховистичко, за она што ја регрутирале, за не да биде таа човек како човек, не да биде нешто што вака ќе придонесе за ослободувањето на земјата, туку атентатор."

Вели Благоја Чонески, претседателот на прилепската Боречка организација.
Од таму крајно револтирани велат дека државата се уште не изградила споменици на многу првоборци меѓу 24-те илјади жртви во НОБ.Затоа според Сојузот срамно е и несфатливо како може и во услови на економска криза да се реализираат инвестиции за личности кои ги поткопувале темелите во борбата за македонската самобитност.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG