Договорот за кредитот беше усогласен на самитот на Европската унија во Брисел, но е под строги услови и не обезбедува пари за Грција веднаш. Според планот, Грција ќе има можност да пристапи до кредитите, само доколку претходно за нејзиниот долг не успее да добие средства под поволни услови на финансиските пазари.
Во таков случај земјите на еврозоната, врз основа на проценката на европските финансиски институции, ќе и дадат кредит на Грција. Единствен услов за тоа е одлуката за кредитот да биде едногласно прифатена. Официјално не е објавено колку ќе изнесува вредноста на потенцијалниот пакет за поддршка на Грција. Но, според некои наводи, во итен случај тој би изнесувал околу 22 милијарди долари. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ја пофали акција, наведувајќи дека станува збор за решавачки чекор за заштита на заедничка валута на Европската унија.
„Грција во еврозоната е безбедна, а Европа, исто така, направи голем чекор. Денеска ние не донесовме одлука само за Грција. Европа и Европската унија се најдоа пред голем предизвик и успеа решително да се соочат со него. Европските лидери ја заштитија Европската унија, ја заштитија нашата заедничка валута. Европа со Грција ќе излезе од оваа криза посилна“, изјави Папандреу.
Планот за спасување на Грција беше прифатен, откако претходно за него согласност постигнаа двете најголеми земји во еврозоната - Франција која беше со став да и се помогне на Атина и Германија која беше против. Берлин стравува од повторување напресудите на Уставниот суд дека е нелегално јавните пари да се трошат за помагање на владите во другите земји од еврозоната. Тука е и негативното јавно мислење за таквиот чекор што канцеларката Ангела Меркел го има предвид, со оглед на мајските локални избори. Сепак, во говорот во германскиот парламент пред да замине на самитот во Брисел Меркел изјави:
„Ако некоја членка на еврозоната стане неликвидна, тогаш тоа би значело сериозни ризици за сите во Европа, вклучувајќи ја Германија, како најголема европска економија.“
Помошта како последна шанса
Претседателот на Европската унија Херман Ван Ромпеј изјави дека евролидерите се надеваат оти програмата за спасување ќе биде искористена само како последна шанса. Тој додаде дека ова треба да ги убеди финансиски пазари оти земјите од еврозоната не се откажуваат од Грција.
„Лавовски дел од финансирањето ќе биде европски. Ова е хибриден механизам, но со европска доминација.“
Според него, одлуката не значи само стабилизација на состојбата во еврозоната и во Грција, туку и придонес за финансиската стабилност во светот. Запрашан дали, по кризата во Грција сега на ред е Португалија, ван Ромпеј оцени дека состојбата во таа земја, како и во Шпанија не може да се спореди со онаа во Грција.
Падот на еврото на најниското ниво во изминативе десет месеци делумно се должи на загриженоста на инвеститорите оти Европската унија не е во состојба да се справи со големи проблеми во еврозоната, без во тоа да биде вмешан Меѓународниот монетарен фонд.
Грција се бори со буџетски дефицит поголем од 12 проценти, што е за четири пати поголем од дозволениот лимит за земјите во Европската унија. Јавниот долг на Грција се проценува на околу 300 милијарди евра и таа во рок од еден месец ќе треба да најде 20 милијарди евра за да го рефинансира. Во меѓувреме, празната каса и обидите за намалување на трошоците во јавниот сектор доведоа до протести, кои се закануваат со политичка нестабилност во земјата.
Во таков случај земјите на еврозоната, врз основа на проценката на европските финансиски институции, ќе и дадат кредит на Грција. Единствен услов за тоа е одлуката за кредитот да биде едногласно прифатена. Официјално не е објавено колку ќе изнесува вредноста на потенцијалниот пакет за поддршка на Грција. Но, според некои наводи, во итен случај тој би изнесувал околу 22 милијарди долари. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ја пофали акција, наведувајќи дека станува збор за решавачки чекор за заштита на заедничка валута на Европската унија.
„Грција во еврозоната е безбедна, а Европа, исто така, направи голем чекор. Денеска ние не донесовме одлука само за Грција. Европа и Европската унија се најдоа пред голем предизвик и успеа решително да се соочат со него. Европските лидери ја заштитија Европската унија, ја заштитија нашата заедничка валута. Европа со Грција ќе излезе од оваа криза посилна“, изјави Папандреу.
Планот за спасување на Грција беше прифатен, откако претходно за него согласност постигнаа двете најголеми земји во еврозоната - Франција која беше со став да и се помогне на Атина и Германија која беше против. Берлин стравува од повторување на
Грција во еврозоната е безбедна, а Европа направи голем чекор. Европските лидери ја заштитија Европската унија, ја заштитија нашата заедничка валута. Европа со Грција ќе излезе од оваа криза посилна.