Плановите изготвени од европските влади за намалување на нивните буџетски дефицити, според Комисијата се премногу оптимистички. Според евро комесарот за економски и финансиски прашања Оли Рен, како што пренесува Вол Стрит Журнал, стратегиите на 14 земји на Еврозоната ,вклучувајќи ги Германија, Франција, Италија, Велика Британија и Шпанија, се базирани врз поволни макроекономски претпоставки по 2010 година кои можеби нема да се остварат.
Комисијата, исто така, изрази загриженост дека плановите за намалување на дефицитот од следната година на многу влади не се доволно специфични поради што во прашање е нивната примена во практика. Цел на ЕК е да се обезбеди владите да се придржуваат кон лимитот од 3 насто буџетскиот дефицит и да преземат активности за да се намали државниот долг на 60% од Бруто Домашниот Производ.
Што може ЕК да направи?
Комисијата е беспомошна во присилувањето на владите поради институционална слабост поврзана со грчката должничка криза. Парични казни се можни за владите доколку не се продржуваат до договореното, но никој не добил казна веќе 10 тина години откако еврото се воспостави како заедничка валута. Грчката криза пак многумина во Европа налути, така што во јавноста се споменува и барањето за исклучување на земјите кои не ги почитуваат правилата.
„Во иднина доколку треба да влеземе во Лисабонскиот Договор и да се овозможи, како последна мерка, исклучување на земја од евро зоната доколку не ги исплнува условите повторно и долгорочно. Инаку соработката е невозможна“.
изјави неодамна во Бундестагот германскиот канцелар Ангела Меркел. Фактите од друга страна укажуваат дека само Бугарија и Естонија планираат да ги задржи своите буџетски дефицити во рамките на ЕУ проекциите од 3 насто дефицит што е поставена цел за следните четири години, соопшти Европската Комисија. Дури и Германија, сметана како буџетски дисциплинирана земја ги базирала своите проекции врз малку поволни економски проекции, се вели во соопштението. Нејзиниот буџетскиот дефицит би можел да биде поголем отколку што се очекуваше, бидејќи нејзината консолидација не беше доволно специфична и бидејќи најавеното намалување на даноците не било подмирено со намалување на буџетот. Германскиот дефицит се предвидува да порасне до 5.5 насто од бруто домашниот производ од 3,2% колку што беше во 2009 година.
Шпанија, Италија и Франција, исто така, направија поволни претпоставки за економското заздравување кои, пак, може и да не се остварат.
Отсуството на детално определени граници за трошење е извор на несигурност, соопшти Европската Комисија.

Во иднина треба да се овозможи, како последна мерка, исклучување на земја од евро - зоната доколку не ги исполнува условите повторно и долгорочно...