Достапни линкови

Ниска откупна цена на јаболката


Производителите на јаболка од тетовскиот регион велат дека се соочуваат со премногу ниска откупна цена за јаболката од само два до три денари, што неможе да ги покрие трошоците за производство. Тие велат дека државата не им помага ниту во обезбедувањето на пласман.

Неизвесно е дали на есен ќе се бере тетовското јаболко. Според дел од производителите од тетовска Брвеница црните прогнози се поради фактите дека продадени се само 30 % од собраните јаболка, а остануваат без пари, кои им се потребни за извршување на таканаречените зимски работи-резидба и за набавување на основните хемиски препарати кои се неопходни за опстанок на јаболката, вели Илко Анѓелковски директор на производство во АД Вардар Брвеница.
Пласманот е за никаде и тие купувачи што доаѓаат, даваат многу ниска цена од само 2 до 3 денари за килограм јаболка. Меѓутоа кога ќе ви кажам дека трошоците за одгледувањето и бербата на јаболката не чини некаде по 12 денари од килограм, замислете која цена ни ја нудат откупувачите, значи воопшто не е исплатливо

,,Пласманот е за никаде и тие купувачи што доаѓаат, даваат многу ниска цена од само 2 до 3 денари за килограм јаболка. Меѓутоа кога ќе ви кажам дека трошоците за одгледувањето и бербата на јаболката не чини некаде по 12 денари од килограм, замислете која цена ни ја нудат откупувачите, значи воопшто не е исплатливо. Не сме во можност ниту зимското кроење да го завршиме затоа што неможеме да ги платиме работниците."

За ваквата состојба со која секоја година се соочуваат, тетовските јаболкари побарале помош од државните институции. Но, од таму според Анѓелковски не покажале заинтересираност ниту за финансиска помош ниту за обезбедување на пласман.

,,Сме се обратиле до министерството за земјоделие, баравме и прием кај премиерот меѓутоа воопшто оваа Влада нема слух за народот, а не пак за производството."

И индивидуалните производители на јаболка се соочуваат со истите проблеми. Иако произведуваме прва класа тетовска јаболка од најбараните сорти сепак се соочуваме со многу мала продажба, изјави еден од производители Зорка Глишиќ.

,,Јаболкото ни е прва класа, но пласманот е послаб."

Секоја година се повеќе производството на јаболка во тетовско се намалува. Производителите сметаат дека немањето државна стратегија за пласман придонесува да се намалуваат површините засадени со јаболкови насади. Доколку до крајов на месецов не се обезбеди продажба на 70 проценти од собраните јаболка најверојатно истите ќе се фрлат.
XS
SM
MD
LG