Достапни линкови

Проблеми со откупот на тутунот


Прилепските тутунопроизводители се соочуваат со проблем. Вишокот количества кои не се планирани при проценката на реколтата од увидот на теренот никој не сака да им ги откупи.

Рубин Дивјакоски од прилепското село Крушеани е долгогодишен тутунар,кој својата егзистенција ја обезбедува само од тутунопроизводство и малку градинарство. Тој и неговото семјество годинава на 4 декари произведоа околу 4
Ова е манипулација со народот...
40 килограми тутун тип „басмак„ кои според потпишаниот договор треба да го предадат на битолски „Сокомак“. Наредени во картонски кутии, квалитетните ракатки пеглан тутун тој го однел во пунктот во Кривогаштани, но тука се случило неговото најголемо разочарување. Околу 100 килограми тутун, никој не сака да ги откупи, со образложение како што вели дека се вишок количества, кои не се планирани при проценката на реколтата, од увидот на теренот.

„Ова е манипулација со народот и со единствена цел што басмакот е 260 денари, а кецот на другиот тутун е 205 денари. И едноставно ги остава, вели каде што знаеш носи го тутунот.“

вели револтиран Дивјакоски. Истите проблеми ги има и неговиот колега Ремзи Јусуфоски од село Житоше. Тој е крајно незадоволен од ваквиот третман на откупувачот, зашто вели никој не може да предвиди колку ќе тежи реколтата,според тоа не смее на потпишан
Нека дојде Владата и нека види на лице место. Кога беше гласањето, вака ќе биде, така ќе биде!
договор да им се враќаат произведени количества тутун.

„За 50 килограми проблемот е. Сега 300 килограми ги примаат, 50 не ги примаат.„Кај сакаш носи си го!„ И каде да си го носиме. Јас ќе го земам и ќе му го вратам дома и нека седи. Ќе го запалам поубаво, нека дојде Владата и нека види на лице место. Кога беше гласањето, вака ќе биде, така ќе биде!“

Сите тутунари се жалат на истата мака. Не знаат како да го решат проблемот, затоа велат случајот ќе го пријават до надлежната земјоделска инспекција, која треба да најде солуција за овој проблем. За тутунарите се несфатливи овие проблеми, а причините велат се само во намерите на откупувачот да заработи што повеќе со откуп на квалитетен тутун од тип, „басмак„, но со исплата како да е понеквалитетен од типот „прилеп„ кој што е поефтин во просек за 20 денари за килограм.

„Во договорот пишува за 4 декари, 440 килограми да ми откупат, а тие ми откупија само 340. “
„По нивно си пишале толку килограми, а првин договоров на 550 килограми го правеа, а сега 350 само ми пишале.“

Реагираат сите кооперанти на „Сокомак„ и тврдат состојбата е иста во сите откупни пунктови на компанијата во регионот. Тие се чувствуваат изиграни и тврдат дека секоја година откупувачите си поигруваат со нивната мака. На откупниот пункт на „Сокомак„ пак како и обично одбиваат да коментираат за каков и да е проблем со откупот и покрај инсистирањата да добиеме одговор за текот на откупната кампања на фирмата.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG