Достапни линкови

Протести на овоштарите од Преспа


Протест на овоштарите од Преспа
Протест на овоштарите од Преспа

Овоштарите од Преспа ги обновија протестите со блокади на патниот правец Битола–Ресен откако Владата и по повеќе од десет дена не ги исполни нивните барања за антикризни мерки во откупот на јаболката, кои ги продаваат по многу ниска цена.

Овоштарите од Преспа ги обновија протестите со блокади на патниот правец Битола–Ресен откако Владата и по повеќе од десет дена не ги исполни нивните барања за антикризни мерки во откупот на јаболката. Се жалат дека од 80 илјади тони произведено јаболко, досега успеале да продадат само 10 отсто, по многу ниска цена од 5 до 10 денари.

,,Прво да се воведе премија за произведен килограм на јаболка во висина од 4 денари на произведена количина од 40 тони по хектар. Бараме јаболкото да стане стратешки производ. Што е можно побрзо да се преговара со албанската страна, со Русија, Украина. Јаболкото да стане дел од листите за размена, да се намалат царините, да се намали увозот на јужно овошје зашто Македонија се
Прво да се воведе премија за произведен килограм на јаболка во висина од 4 денари на произведена количина од 40 тони по хектар. Бараме јаболкото да стане стратешки производ
претвори во банана држава и да се обезбеди итен откуп на 20 илјади тони јаболка."

изјави Стевче Радевски од Одборот за спас на преспанското јаболко.
Овоштарите бараат од власта да ги исполни предизборните ветувања.

,,Цената е минимална, откуп нема никаков. Нормално оди на црно јаболкото зашто се високи царините, некаде околу 26 центи се на килограм."

,,Пред изборите ветуваа тука кога идеа дека јаболката ќе се откупуваат од 20 до 22 денари, меѓутоа после како да не ветуваа. За јаболката резервиравме место да ги носиме в езеро, да ги турваме во вода."

,,Апелирам до Владата да дојди на терен да ги решава проблемите не по канцеларии таму. Или апелирам да дојдат тука со наши примања да го проживеат животот, нивните плати да ни ги дадат нам."

Според градоначалникот на Ресен, Михаил Волкановски дел од проблемот е во тоа што во „Преспа нема калибратори. Во Европа не може да се пласира јаболко пакувано по улици, во импровизирани магазини. Го увидовме проблемот од немање на дистрибутивен центар. Се прави урбанистички план на 20 хектари за изградба на дистрибутивен центар, ладилник и преработувачки капацитет.“ Од Министерството за земјоделство рекоа дека државата не може да откупува јаболка, а интервентниот увоз преку стоковите резерви немал законски основ. Разговарале со странски држави да помогнат во откупот по намлени царини.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG