Новиот закон за земјоделство и рурален развој нема да ја промени состојбата во тој сектор, сметаат некои земјоделци и здруженија. За други пак измените се позитивни и очекуваат работата во земјоделството да тргне на подобро. Според Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство целта за донесување на новиот закон е да се регулираат меѓусебните односи и да се дефинираат политиките во земјоделството. Дел од новите одредби во новиот закон се уредување на пазарите со земјоделски производи, обезбедување стабилност на доходот на земјоделските производители, зачувување на конкурентските услови, пропишување услови за откуп и увоз, како и воведување задолжителни откупни договори и мерки за поттикнување на потрошувачката и за заштита на пазарот. Новиот закон само ќе ни донесе нови проблеми, вели земјоделецот Борче Дрвошанов.
,,Ние неможеме старите долгови да си ги покриеме, а не пак и даноци да плаќаме. Откупот - со наплата се чека по шест месеци, не може да издржи никој."
Претседателот на асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев вели дека во новиот закон има значителни измени во полза на земјоделците и тој смета дека доколку се спроведе ќе донесе позитивни промени во земјоделството.
,,Законот е позитивен, во смисла дека ги штити и двете страни, производителите и од другата страна преработувачите и трговците, а тоанајнормално ќе доведе до остварување на самиот закон."
Претседателот на регионалното задружение за земјоделство ,,Клас" Перо Стојановски смета дека со новиот закон властите само сакаат во јавноста да покажат дека се грижат за земјоделците но тој очекува состојбата во земјоделството и натаму да остане иста.
,,Значи моментално сакаме многу повеќе да дискутираме околу земјоделието, а многу помалку да извршуваме. Значи само нови закони сакаме да спроведуваме, но на тој начин се обидуваме да го свртиме вниманието од она што е беда во земјоделието."
Новиот закон е изготвен според последните регулативи за земјоделство во Европската унија. Тој веќе е во собраниска процедура и треба да го замени постојниот од 2008 година.
Ние неможеме старите долгови да си ги покриеме, а не пак и даноци да плаќаме
,,Ние неможеме старите долгови да си ги покриеме, а не пак и даноци да плаќаме. Откупот - со наплата се чека по шест месеци, не може да издржи никој."
Претседателот на асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев вели дека во новиот закон има значителни измени во полза на земјоделците и тој смета дека доколку се спроведе ќе донесе позитивни промени во земјоделството.
,,Законот е позитивен, во смисла дека ги штити и двете страни, производителите и од другата страна преработувачите и трговците, а тоа
Законот е позитивен, во смисла дека ги штити и двете страни