Достапни линкови

Во Преспа скапуваат тони јаболка


Преспа тони во неоткупени јаболка. Причини има повеќе: големата конкуренција на странскиот пазар, високата царина при транспортот, недостигот на соодветни магацини за чување поради што овошјето калира и ниската откупна цена. Ако лани се бараше јаболко повеќе, годинава 40 проценти од производството остана непродадено. Општинските власти и дистрибутерите од регионот бараат излез преку
Годинава е многу тешко. Треба Владата да преземе некои мерки.
пласман на јаболкото на пазарите во Ирак, Бугарија, Косово, Албанија и Босна. Но, јаболкопроизведителите се жалат дека високите царини ја паѓаат откупната цена на 10 до 12 денари од килограм.

,,Годинава е многу тешко. Треба Владата да преземе некои мерки. Меѓутоа тоа кај нас не се случува. Не да ни донесат муштерии, туку да направат договори со други држави за пониска царина на пример 1 процент. Тоа би било олеснување за трговците кои доаѓаат од надвор. Царината вака е голема. Се зборува дека за Албанија е 7 денари од килограм, за Бугарија 20 проценти"

вели Армен Бесим овоштар од преспанското село Бела Црква.

Годинава во Преспа неоткупени останаа околу 30 илјади тони јаболка. Дел од нив веќе скапаа по магацините и ќе бидат продадени по
Ние сме едни од најголемите производители во Ресенско. Оваа година имавме околу 600 тони јаболка. Продадовме околу 200 тони
многу ниска цена во преработувачката индустрија.

,,Ние сме едни од најголемите производители во Ресенско. Оваа година имавме околу 600 тони јаболка. Продадовме околу 200 тони, а 70 тони ќе одат по 9 цена од 1,5 денари на фабрика. Тоа е голема штета. Производството на јаболко чини 8 денари, а да се продава за 1,5 денари е голема загуба. Печалбата е минимална"

додава Бесим.

Лани цената за килограм јаболка изнесуваше 30 денари, годинава е пониска за 40 отсто. Годишно во Преспа се произведуваат околу 80 илјади тони јаболка. Сепак државата досега не го субвенционира нивното производство, туку помага само во случај на засадување нови насади. Излезот се гледа во ирачкиот пазар каде деновиве тргнаа 10 шлепери со македонски јаболка.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG