Професор Димитар Мирчев вели дека односите меѓу двете земји може да се подобруваат.
„Мислам дека поволно се одвиваат, не само политичките, туку и економските пред се, културните. Има многу простор понатаму да се дејствува, но мислам дека тие билатерални односи се пример како и со другите држави од нашето соседство треба да ги развиваме.“
Според податоците од заводот за статистика, Албанија е единствениот сосед што не е во листата на првите 20 земји со кои Македонија има најголема трговска размена.
Аналитичарот Алберт Муслиу нагласува дека Албанија е една од трите земји со кои Македонија има суфицит во трговската размена. Причината за малиот обем на трговија тој ја гледа во идеолошки причини кои се провлекуваат од минатото, но и од практични причини.
„Немало некоја сериозна иницијатива за железничка линија со Албанија. Значи, албанската страна железницата ја има до границата со Македонија, нешто слично како и Бугарија. И во главно, во последните 20 години економијата се развивала повеќе север – југ што е останато од минатото. “
Изминативе денови се зголемија меѓуетничките тензии во Македонија, по одлуката Албанците задолжително да учат македонски јазик од прво одделение. Македонците од областа Голо Брдо во Албанија пак се жалат дека властите не им дозволуваат да учат македонски. Професор Мирчев вели дека положбата на малцинствата влијае на квалитетот на односите.
Не верувам дека Албанија има основа да влијае на унапредување на нејзиното малцинство во Македонија, вели тој.
„Ние тој дел на нашето население не го третираме како малцинство, што е многу значајно, туку како етничка заедница, која ги има сите права според Уставот, европските стандарди и слично. Претпоставувам дека ние можеме да побаруваме нешто од албанската страна по однос на нашето малцинство, кое сеуште не е толку евидентирано статистички, колку е, каква е неговата позиција и слично.“
Граѓанските организации од Македонија и од Албанија имаат добра соработка. Пред неколку дена, дописникот на Радио Слободна Европа од Дебар јави дека, во рамките на меѓуграничната соработка, дебарскиот Црвен Крст започна да ги пренесува искуствата од Македонија за начинот на зголемување на бројот на доброволните крводарители на Црвениот Крст од градот Пешкопеја во Албанија.
Подолго време соработуваат и здруженијата на лица со посебни потреби од Дебар и од соседните погранични градови во Албанија.
За Македонците од Голо Брдо сериозен проблем е и веќе подзаборавената обврска на македонските власти за договореното отворање на граничниот премин Требиште-Џепчиште кај Дебар. Албанските власти веќе го изградија патот до границата и сите придружни објекти, но од македонска страна нема ништо. Се чека да се направи патот.
Мислам дека поволно се одвиваат, не само политичките, туку и економските пред се, културните. Има многу простор понатаму да се дејствува, но мислам дека тие билатерални односи се пример како и со другите држави од нашето соседство треба да ги развиваме.
„Мислам дека поволно се одвиваат, не само политичките, туку и економските пред се, културните. Има многу простор понатаму да се дејствува, но мислам дека тие билатерални односи се пример како и со другите држави од нашето соседство треба да ги развиваме.“
Според податоците од заводот за статистика, Албанија е единствениот сосед што не е во листата на првите 20 земји со кои Македонија има најголема трговска размена.
Аналитичарот Алберт Муслиу нагласува дека Албанија е една од трите земји со кои Македонија има суфицит во трговската размена. Причината за малиот обем на трговија тој ја гледа во идеолошки причини кои се провлекуваат од минатото, но и од практични причини.
„Немало некоја сериозна иницијатива за железничка линија со Албанија. Значи, албанската страна железницата ја има до границата со Македонија, нешто слично како и Бугарија. И во главно, во последните 20 години економијата се развивала повеќе север – југ што е останато од минатото. “
Изминативе денови се зголемија меѓуетничките тензии во Македонија, по одлуката Албанците задолжително да учат македонски јазик од прво одделение. Македонците од областа Голо Брдо во Албанија пак се жалат дека властите не им дозволуваат да учат македонски. Професор Мирчев вели дека положбата на малцинствата влијае на квалитетот на односите.
Ние тој дел на нашето население не го третираме како малцинство, што е многу значајно, туку како етничка заедница, која ги има сите права според Уставот, европските стандарди и слично.