Задушени бизниси. Пазари во слободен пад. Милиони луѓе кои остануваат без работа.
Ова е само почетокот на економската криза од коронавирусот - дополнителна криза која следува како резултат на пандемијата.
Антонио Гутереш, Генерален секратар на ОН:
„Пандемијата има економски последици кои ќе доведат до рецесија за која веројатно нема споредба со претходните неколку години“
Додека здравствената криза зема полн замав, земјите и меѓународните тела употребуваат широко распространети стратегии со цел да ги ублажат најтешките резултати.
Во САД, Хонг Конг, Канада и на друго место, некои владини фондови одат директно во рацете на јавноста.
Еднократните или повеќекратните исплати на поединци имаат за цел да им помогнат на семејствата да ги задоволат нивните непосредни потреби и да им овозможат олеснување на деловните активности - иако некои економисти предупредуваат дека ќе има намалено трошење за време на целосната изолација.
Во Индија, директната помош е уште посуштинска, со цел да ги заштити милиони луѓе од глад, бидејќи мерките за изолација ги спречуваат работниците да заработуваат на дневна основа.
Нирмала Шитараман, министер за финансии на Индија:
„Ги разгледуваме и трансферот во готовина, како еден пакет мерки, и вториот пакет мерки ќе бидат поврзани со обезбедување на храна. Не сакаме никој да остане гладен, па затоа ќе им даваме доволно за да можат да имаат храна“.
Владините стимулативни планови исто така се наменети за најпогодените бизниси и претставуваат комбинација од заеми, надоместок за трошоците на плати и даночни олеснувања.
Италија, земјата која е најтешко погодена од кризата со коронавирусот во Европа, го одобри итниот пакет мерки пред неколку денови.
Џузепе Конте, премиер на Италија:
„Објавувам, со указот што штотуку го одобривме, веднаш им ставивме на располагање на нашите компании ликвидност во висина од 400 милијарди евра, без разлика дали е мала, средна или голема“.
Голем број на земји од ЕУ го повикаа блокот да издаде заеднички корона-обврзници – за помош во финансирањето на напорите за олеснување на кризата, но без успех.
Но, водачите на Унијата се согласија на пакетот што ќе им помогне на работниците да бидат вработени во непосреден рок - или околу 2,9 илјади милијарди долари наменети за одговор на кризи.
Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европската Комисија:
„Воведуваме нов предлог за зачувување на енергично срцето на европската економија а тоа е нејзината квалификувана работна сила . Комисија ќе обезбеди заеми за оние држави членки на ЕУ на кои им е потребно да ги зајакнат вработувањата на краток рок.“
Централните банки во многу земји ја олабавуваат нивната монетарна политика за да ги направат кредитите поевтини.
САД, Велика Британија, Јужна Кореја и неколку други земји ги намалија каматните стапки со цел да ја зајакнат економската активност.
На некои бизниси им е овозможено да задоцнат со плаќањата на даноците, а некои земји ги замрзнаа плаќањата на хипотеките.
И Меѓународниот монетарен фонд, нарекуван и како последен заемодавател, вели дека има на располагање една илјада милијарди долари за поддршка на напорите на владите за справување со кризата.
Кристалина Георгиева, Извршна директорка на ММФ:
„Ние во ММФ сме многу мобилизирани, работиме заедно со Светската банка и другите меѓународни финансиски институции, и го зближуваме светот со цел да обезбедиме заштита од оваа криза. Имаме една илјада милијарди долари, воени заштеди, и решени сме да искористиме колку што е потребно во заштитата на економијата од лузните од оваа криза. Ја мобилизираме помошта за итно финансирање на државите и можам да ви кажам дека досега не сме виделе толку голема побарувачка за итно финансирање.
Пандемијата на коронавирусот, најверојатно, ќе има потреси на економијата со месеци или години.
Преземените чекори сега имаат потенцијал да ги ублажат најострите резултати.
Прилогот го подготви Марија Севриева