Достапни линкови

Курцарбајт - германски изум кој се шири низ Европа


празни улици во Берлин, Германија
празни улици во Берлин, Германија

Курцарбајт е мерка во период на криза, кога работното време е скратено, а остатокот од платата за тоа време го плаќа државата наместо работодавачот. Оваа германска мерка сега ја применуваат многу европски влади.

Германскиот изум познат како “курцарбајт”од почетокот на дваесеттиот век почнаа да го прифаќаат дел од европските влади како одговор на економската рецесија поради глобалната пандемија на „Ковид-19“, пишува „Фајненшл тајмс“.

Германија

Во март, германскиот Бундестаг донесе законодавство со кое и се дозволува на една компанија надоместок за курцарбајт кога економската криза ќе погоди скоро една десетина од нејзините работници.

Помош за невработени, енергетски додаток за 30.000 лица и образовен додаток за 17.000 ученици

Во минатото, условите беа построги, курцарбајт се надоместуваше доколку кризата зафати најмалку една третина од работната сила на една компанија.

Германскиот кабинет очекува вака да ги финансира платите на над 2 милиона и 350 илјади вработени. Цената на економскиот пакет надминува 13 милијарди евра.

Ефикасност

Токму со примената на курцарбајт Германија во кризната 2009 година ја доведе под контрола растечката невработеност.

Во мај 2009 година, таа земја успеа да ја намали стапката на невработеност од 7,9 проценти на 7 проценти.

Во исто време, просечната стапка на невработеност во земјите на Организацијата за економска соработка и развој - ОЕЦД се зголеми за три процентни поени на 8,6 проценти, потсетува Фајненшал Тајмс.

ММФ: Светската економија е во рецесија

„Според проценката на ОЕЦД, тие заштедија повеќе од 200.000 работни места со скратено работно време до крајот на 2009 година“.

Затоа не е изненадувачки што Германија го донесе овој инструмент дури и пред почетокот на кризата со коронавирусот, која се заканува со невиден економски пад.

ЕУ планира 100 милијарди евра за "курцарбајт"
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:44 0:00

Чешка, Британија и Скандинавија

Во изминатиов период и чешката влада реши да им придонесе со 80 проценти од платите на компаниите кои инаку би морале да отпуштаат вработени. Мерката ќе чини над 400 милиони долари.

Слична програма најави и британскиот министер за финансии Риши Сунак. Владата вети дека ќе им исплати 80 проценти од платите на вработените испратени на принуден одмор, наместо да ги отпуштат од работа.

Коронавирусот го турка светот во голема рецесија

Платите на вработените кои се изложени на ризик од отпуштање, претходно им беа субвенционирани од нордиските држави Данска, Шведска и Норвешка, и тоа по примерот на Германија.

Во Шпанија, државата гарантира 70 насто од платите за социјално осигурување за работниците што ќе бидат отпуштени.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG