Достапни линкови

Што преземаат државите за да го избегнат економскиот колапс?


Владите и централните банкари ширум светот преземаат различни пристапи против економското уништување што ја предизвикува пандемијата на коронавирус.

Со ширењето на коронавирусот кој принуди милијарди луѓе ширум светот да останат дома, а многу продавници, фирми и компании да бидат затворени или со намалено производство, скоро сите го чувствуваат финансискиот удар.

И повеќето влади низ целиот свет се обидуваат да ги ублажат уништувачките ефекти што пандемијата ги има врз нивната економија.

Коронавирусот го турка светот во голема рецесија

Дел од одговорот се т.н. „стимулативни“ пакети - обезбедување пари не само за да им се помогне на луѓето, туку и да се обидат да ја зајакнат целата економија со поддршка на компаниите и финансиските институции.

илустрација
илустрација

Во меѓувреме, централните банки ги користат различните алатки на монетарната политика за да одговорат на она што може да биде продолжена економска криза и глобална рецесија.

Но, не сите влади имаат ист пристап.

Американски „Коронавирус пари“

Во Соединетите држави, Конгресот и Белата куќа одобрија „стимулативен пакет“ од 2 милијарди долари на крајот од март за да и помогнат на економијата од она што, како што предупреди поранешната претседателка на Сојузните резерви на САД, Џенет Јелен, ќе биде „огромен, невиден и погубен удар“.

Десетици милиони Американци кои се затворени дома треба да примаат т.н. „коронавирусна готовина“ односно надомест до 1.200 долари за секој од нив.

Сенатот го одобри економскиот пакет поради коронавирусот

Пакетот исто така вклучува фонд од 500 милијарди долари за да им помогне на погодените индустрии и малите бизниси во заеми за да ја надминат кризата.

илустрација
илустрација

Во меѓувреме, по неколку недели пад на берзата и вознемирувачките знаци на пазарот на државни обврзници, Федералните резерви најавија дека се „подготвени да го користат целиот асортиман на алатки“.

Всушност, Федералните резерви веќе започна да пумпаат огромни суми пари во американската економија.

Тоа се прави со алатки како што се договори за откуп, кои ги поплавуваат пазарите со готовина. Исто така се намалени и каматните стапки на нула

ЕУ - „Коронаобврзници“ или фонд за финансиска помош?

Европската централна банка објави програма од 750 милијарди евра за купување на државниот и корпоративниот долг низ еврозоната за да се олесни влијанието на пандемијата.

Европската комисија исто така ги олабави своите правила за државна помош и буџети.

ЕУ планира 100 милијарди евра за "курцарбајт"
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:44 0:00

Но, Европската банка проценува дека на ЕУ може да и бидат потребни дури 1,5 трилиони евра за да се справи со економската криза во текот на 2020 година.

Еврозоната ќе бара брзи механизми за помош на економијата

Министрите за финансии на Европската унија досега не беа во можност да се договорат за планот за економски спас.

Претседателот на еврогрупата Марио Сентено вели дека целта е „да се заштитат работниците, фирмите и државите“ од влијанието на пандемијата и да се посветат на „план за значителна обнова“.

Останува несогласувањето меѓу земјите на ЕУ за тоа дали да се реши кризата со здружување на долгот на еврозоната во нови заеднички европски инструменти за долгови познати како „коронаобврзници“.

Високо задолжените земји како Италија и Шпанија сакаат сите членки на Европската унија да го споделат товарот.

Франција исто така ја поддржа верзијата на тој пристап. Но, побогатите земји како Германија, Холандија, Австрија и Финска ги отфрлија барањата за споделување на долговите на други држави.

Италија и Шпанија се спротивставуваат на програмата за финансирање затоа што доаѓа со строги буџетски услови.

„Невидена“ интервенција на Британија

Во Британија, министерот за финансии Риши Сунак изјави дека владата е подготвена на „невидена“ интервенција за поддршка на економијата.

Севкупно, напорите за спасување би можеле да чинат повеќе од половина трилион долари - или околу 15 проценти од БДП на земјата.

Гутереш: Пандемијата е најголемата криза од Втората светска војна

Британија вети дека ќе исплати 80 проценти од платите на работниците за неколку месеци, во обид да се спречат масовните отпуштања.

Британија, исто така, ги одложи даночните плаќања, ги зголеми бенефициите за невработеност и даде гаранции за заем.

Посебни планови на некои земјите на ЕУ

Германските политичари се согласија за фискален стимулативен пакет вреден до 750 милијарди евра за да ја зголемат најголемата економија во Европа.

Курцарбајт - германски изум кој се шири низ Европа

Тој вклучува 100 милијарди евра во фонд за економска стабилност, како и 400 милијарди евра гаранции за заеми за големите корпорации со ризик од неплаќање на нивните долгови.

Франција најави кризни мерки за помош на компаниите и работниците во вредност од 45 милијарди евра.

Министерот за финансии Бруно Ле Маир вели дека голем дел од тоа е одложување на даночните плаќања и давачките за плати, како и откажување на ваквите плаќања за фирмите изложени на ризик од колапс.

Француската влада исто така гарантира до 300 милијарди евра корпоративни заеми од комерцијални банки.

Италија издаде итна наредба со која се суспендираат отплати на заеми и хипотеки за компании и семејства.

илустрација
илустрација

Италија, исто така, им помага на фирмите да ги плаќаат работниците кои се отпуштени за време на националното затворање поради пандемијата.

Цената на планот на Италија досега е околу 25 милијарди евра.

Во Шпанија, стимулативниот пакет на владата вклучува 100 милијарди евра заеми и финансиска помош за погодените групи на луѓе, а други 100 милијарди евра за загарантирани заеми поддржани од државата за да им помогнат на компаниите да го преживеат ударот

Огромен пакет мерки на Јапонија

Во Јапонија, премиерот Шинзо Абе најави невиден пакет стимулативен пакет од трилион долари за заштита на деловните активности и работните места - сума еднаква на околу една петтина од годишниот БДП на Јапонија.

На многу погодените семејства ќе им бидат исплатени околу 2.750 долари.

Владата, исто така, објави над 4 милијарди долари дополнителни трошоци за поддршка на малите и средни бизниси.

ММФ: Светската економија е во рецесија

Абе се надева дека планот ќе помогне да се поттикнат потрошувачките трошоци во време на вонредна состојба, која беше објавена за Токио на 7 април.

Централната банка на Јапонија, исто така, донесе одлука за проширување на едногодишните заеми за каматните стапки на нула проценти на финансиските институции.

Слаби понуди од Русија, Иран

На нафтените држави, како Русија и Иран, им е потешко да ги поддржат своите економии.

Покрај меѓународните санкции, двете земји, исто така, гледаат дека нивните приходи од нафта се многу намалени од огромниот пад на глобалната побарувачка за енергија.

Путин ги продолжи неработните денови до крајот на април

Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани повикаа на укинување на санкциите за да можат подобро да се справат со економскиот пад предизвикан од пандемијата.

Путин нареди неесенцијалните бизниси да останат затворени, а работниците да имаат платен одмор до крајот на април.

Но, Путин допрва треба да понуди некаков пакет или стимулативен економски стимул за бизнисите.

Шефот на ревизорската комора на Русија Алексеј Кудрин му рече на Путин дека руската економија може да се намали меѓу 3 и 5 проценти оваа година.

Економистите предупредуваат дека може да биде катастрофално за деловните активности и милионите работници низ цела Русија, особено во отсуство на голем стимулативен пакет од Кремљ.

Иран погоден со меѓународни санкции, бара начини дома да ги собере средствата потребни за зајакнување на својата економија.

илустрација
илустрација

Но, овие трошоци се високи и ќе бидат голем притисок врз државниот буџетот кој веќе страда од распространета инфлација, висока невработеност и слаба национална валута.

Скот Ливермор, главен економист во Оксфорд за Блискиот исток, вели дека заложбата на Иран за финансиска поддршка за економијата е само околу 0,2 проценти од нејзиниот БДП.

„Но, малку е веројатно дека владата ќе може да понуди поголема поддршка“, вели Ливермор.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG