Како што се шири пандемијата на коронавирусот, Украина се обидува да ги стави во функција медицинските вентилатори кои со години биле заборавени во една затворена воена фабрика.
Коронавирус - вентилатори во украинска фабрика од советската ера

1
Ова е напуштената воена фабрика Буревисник во Киев. Таму некогаш се произведувале медицински вентилатори за персонал во советско-авганистанската војна. Фабриката е во сопственост на конгломератот на државната одбрана Укроборонпром.

2
Внатрешноста на фабриката на фотографија од 26 март (сликите во оваа галерија беа објавени од Ројтерс на 30 март). Последната голема нарчка на владата за вентилатори дојде во 2008 година, но исплатата за нарачката никогаш не стигна и набргу потоа фабриката беше затворена.

3
Фабриката повторно го привлекува вниманието на украинските власти, бидејќи бројот на пациенти со КОВИД-19 во Украина и на други места продолжува да расте. Коронавирусот обично ги напаѓа белите дробови на пациентите, поради што некои не можат да дишат без вентилатор.

4
Вршителот на должноста директор на фабриката, Виталиј Кодицкиј, ги гледа фотографиите на вентилаторите.
Како одговор на итната потреба од вентилатори во Украина, некои од најбогатите бизнисмени во земјата изразија подготвеност да купат машини од странство. Но, официјалните претставници на одбраната вршат притисок тие да бидат направени во Украина со употреба на технологија развиена во фабриката Буревисник.