Достапни линкови

Русија ќе ја демне Македонија на секој агол од патот до НАТО


Москва ќе го чека Скопје и на најмала грешка на патот кон НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

Москва ќе го чека Скопје и на најмала грешка на патот кон НАТО

Москва ќе ја демне Македонија на секој агол, ќе ја следи секоја акција, секој потег повлечен во Македонија, секоја евентуална грешка, и остро ќе дејствува, велат експерти.

Русија и натаму ќе продолжи да се меша во внатрешните работи на Македонија иако е свесна дека нема сила да го спречи нејзиното зачленување во НАТО, доколку се спроведе Договорот со Грција, предупредува во интервју за Радио Слободна Европа, политичкиот аналитичар Димитар Бечев, соработник на Атлантскиот совет и истражувач при американскиот Универзитет Чепел Хил во сојузната држава Северна Каролина.

Додека дел од меѓународните и домашните аналитичари и политиколози сметаат дека Москва подготвува нов софистициран план за Македонија, базиран на интернет акција, пропаганда и лажни вести, Бечев вели дека Москва ќе продолжи со опортунистичка политика не само кон Македонија туку и кон целиот Балкан кога станува збор за евроатлантската определба на регионот. Москва ќе ја демне Македонија на секој агол, ќе ја следи секоја акција, секој потег повлечен во Македонија, секоја евентуална грешка, и остро ќе дејствува, велат експерти.

„Мислам дека Русија ќе ја искористи секоја можност да се замеша во внатрешните работи на Македонија, иако не е сосема јасно што може со тоа да постигне, бидејќи изгледа дека пристапувањето на Македонија во НАТО е веќе сигурно. Единствена препрека за тоа може да биде само она што ќе се случува во Грција. Доколку реализацијата на Договорот оди тешко, Русија може да почне да користи пропагандистички аргументи од типот дека тоа не е легитимен процес, дека Западот го турка тој процес, дека има нелегален притисок за да се реализира Договорот итн“, вели Бечев во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Продолжува опортунистичката политика

Откако процесот за пристап на Македонија во западните сојузи почна да се забрзува, Москва најави и можно вето за Договорот за името во Советот за безбедност. Според Бечев, тоа е очекувана реторика од Кремљ, бидејќи по приемот на Македонија во НАТО, после приемот на Црна Гора, тоа би бил втор пораз за руската политика на Балканот во краток временски рок.

„Реторички Русија мора да го каже тоа. И кога нема да може да го запре процесот, ќе има реакции дека Западот е неконструктивен. И ќе продолжат со опортунистичката политика. Ќе кажат: Во ред, ја изгубивме Македонија, но Србија ни е многу поважна и таму ќе ја продолжиме соработката на полето на безбедноста“, додава Бечев.

Мултановски: Руската политика против Западот е многу агресивна

Дел од политиколозите и во Македонија и во Европа, сметаат дека Македонија, па дури ни целиот Балкан не е директна мета за Русија, односно дека на Москва не ѝ е приоритет Македонија како засебна држава, туку само како епизода од засиленето ширење на НАТО кон исток, и дека за да го запре тоа, како што вели, во интервју за Радио Слободна Европа, поранешниот полски амбасадор во Македонија, Јацек Мултановски, користи многу агресивна политика.

„Можеме да кажеме дека Русија извршува многу агресивна политика кон Западот и нејзините обиди се со цел промена на меѓународниот поредок, не земајќи ги пред вид меѓународните обврски“, вели Мултановски за Слободна Европа.

Руската политика на Балканот беше една од темите и на минатонеделниот безбедносен самит во Белград, каде учесниците потенцираа дека се свесни за скриеното руско влијание во регионот и дека, како што рекоа дел од нив, ќе се обидат да го решат проблемот, бидејќи веќе ја научиле лекцијата.

XS
SM
MD
LG